Мелатонинот може да го подобри квалитетот на сонот

Стручните проценки говорат дека околу 35 отсто од луѓето ширум светот страдаат од несоница и дека многумина користат фармацевтски лекови за спиење, што предизвикуваат долгорочна зависност и вклучуваат бројни несакани последици.



За полесно заспивање и поцврст сон, исклучително е важно нивото на хормонот мелатонин, што во мозокот се лачи од мала жлезда со големина на грашок – епифизата. Станува збор за хормон што мозокот го произведува ноќе. Тој помага во регулирање на деноноќниот ритам (24-часовниот „внатрешен часовник“) и спиењето.

Изложеноста на светлина во текот на ноќта може да го блокира производството на мелатонин.

Нивото на мелатонин може да се зголеми на природен начин и преку храна што ја содржи аминокиселината триптофан, што во телото се претвора во мелатонин. Во таа смисла, познавачите препорачуваат банани, овесна каша, ананас, јачмен, ориз, семки од тиква, бадеми, ореви и цреши.

Истражувањата покажуваат дека мелатонинот е и многу полезен додаток во исхраната. Имено, тој може да помогне при одредени состојби, како што се нарушување на фазата сон-будење, кревок сон кај децата, анксиозност пред и по операција итн.

Но, мелатонин не треба да земаат луѓе со епилепсија и оние кои користат антикоагуланси. Мелатонинот не се препорачува за луѓе со деменција. Се советуваат и консултации со лекар или фармацевт.

Несакани последици може да бидат главоболка, вртоглавица и возбуда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби