Болки во грбот кои укажуваат на сериозни проблеми со бубрезите

Штом ќе почнaт болките во грбот, првото нешто на што многумина помислуваат е истегнување мускул или слична повреда на грбот. Сепак, лекарите предупредуваат дека во некои случаи тоа може да бидат проблеми со бубрезите, објави „Insider“.



Болката со бубрезите и грбот, се два вида болка што имаат различни причини и начини на лекување. Така, болките во грбот најчесто се предизвикани од надворешно влијание и може лесно да се отстранат, но состојбата со бубрежна болка обично е многу посериозна.

– Болките во бубрезите најчесто се длабоки, прободувачки и предизвикани од воспаление или некои посериозни болести… Тие болки може да се јават во повисоките делови на ‘рбетот, во пределот под ребрата, до ‘рбетот, а може да се почувствуваат и во средишниот дел на стомакот или кај препоните. Сепак, болката во бубрезите обично има и други симптоми, вели д-р Рена Д. Малик.

Меѓу симптомите се и треска, повраќање и гадење, болно мокрење, заматена или темна урина и чести инфекции на уринарниот тракт. За разлика од болката во грбот, што во повеќето случаи поминува сама по себе, болката во бубрезите веројатно нема да помине сѐ додека не се идентификува и лекува основната причина.

Бубрезите го филтрираат отпадот во телото, создаваат урина и лачат хормони што го регулираат произведувањето црвени крвни зрнца. Болката во бубрезите е предизвикана од болести на уринарниот систем. Некои од причините се камен во бубрег, оштетување, уринарна ретенција, везикоуретерален рефлукс и полицистични бубрези. Секоја од овие состојби бара третман, инаку може да се појават посериозни последици, како што е бубрежна инсуфициенција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби