Редовната медитација делотворна за бактериите во цревата

Практикувањето медитација може да помогне во подобрувањето на состојбата со цревните бактерии, но е делотворно и за нивното психо-физичкото здравје, според ново истражување на научници од Кина и Пакистан.



Збогатувањето на цревната микрофлора на тој начин може да помогне во намалување на опасностите од лошо физичко и ментално здравје, вклучувајќи анксиозност, депресија и срцеви заболувања. Тоа може да влијае на мозокот, расположението и на однесувањето преку оската микрофлора – црева – мозок, велат истражувачите.

Тие испитувале примероци од крв и столица од 37 тибетски будистички монаси од три храма и 19 нивните соседни жители. Монасите практикувале длабока форма на медитација најмалку два часа дневно меѓу три и 30 години.

Заклучоците говорат дека микроорганизмите во цревата – вклучувајќи бактерии, габи и вируси, значително се разликуваат меѓу двете групи.

-Колективно, повеќето бактерии стекнати кај луѓето кои медитираат се поврзани со ублажување на менталните болести, што посочува дека медитацијата може да влијае на одредени бактерии коишто можат да имаат улога во менталното здравје… Долготрајната медитација ја зајакнува имунолошката функција на телото и ја намалува опасноста од кардиоваскуларни болести, се вели во написот.

Сепак, тие нагласија дека испитувањата се недоволно обемни и дека сите вклучени монаси и Тибетанци живеат на голема надморска височина, што го отежнува генерализирањето во наодите.

-Генерално, овие резултати говорат дека медитацијата игра позитивна улога во психосоматските состојби и благосостојба, се додава.

Друг научен труд, претходно објавен во списанието „Професионална и општа медицина“ којшто опфатил 6.000 случајно избрани жители на Хелсинки, Еспо и Ванта во Финска, покажа дека честите посети на паркови и други зелени површини се поврзани со помала употреба на одредени лекови кај луѓето кои живеат во градовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби