Тешката апнеја при спиење може да го загрози здравјето на мозокот, се вели во студијата објавена во списанието Neurology.

Истражувачите откриле дека оние со тешка апнеја при спиење имаат поголем ризик од развој на мозочни биомаркери поврзани со Алцхајмерова болест, когнитивно опаѓање и зголемен ризик од мозочни удари.
-Овие биомаркери се чувствителни знаци на рана цереброваскуларна болест, рече коавторот на студијата д-р Диего З. Карваљо од клиниката Мајо во Рочестер, Минесота.
Карваљо изјави за News Medical дека белата материја во мозокот е оштетена поради недостаток на квалитетен длабок сон наречен сон со бавни бранови.
-Откривањето дека тешката апнеја при спиење и намалувањето на спиењето со бавни бранови се поврзани со овие биомаркери е важно бидејќи не постои третман за овие промени во мозокот, па затоа треба да најдеме начини да ги спречиме да се случат или да се влошат, додава тој.
Истражувачите од клиниката Мајо набљудувале 140 луѓе кои имале апнеја при спиење, а просечната возраст им била 72 години. Приближно 34% од учесниците имале блага апнеја при спиење, 32% имале умерена и 34% имале тешка ноќна апнеја.
Додека го набљудувале мозокот, истражувачите откриле дека луѓето со тешка апнеја при спиење имале повеќе оштетувања на белата маса во мозокот од оние кои имале повеќе сон со бавни бранови.
-За секои 10% намалување на времето поминато во длабок сон, има зголемување на хиперинтензитетот на белата материја во мозокот сличен на ефектот да се биде 2,3 години постар, вели Карваљо.
Ова значи дека „лице чиј сон со бавни бранови се намалил за 20 процентни поени имал хиперинтензитет на белата маса на лице 4,6 години постаро.
Интензитетот на белата маса може да влијае на способноста на мозокот да обработува информации, да се фокусира и да запомни, а пониските нивоа на бела материја исто така се поврзани со проблеми со менталното здравје како депресија и анксиозност.