Спиењeто преку ден корисно за мозокот

Попладневната дремка може да биде корисна за здравјето на мозокот. Ново истражување објавено во списанието „Sleep Health” открива причинско-последични врски меѓу вообичаената дремка и поголемиот вкупен волумен на мозокот. Податоците се земени од Биобанката на Обединетото Кралство - обемна база на податоци на над 500.000 возрасни лица на возраст од 40-69 години.



Користејќи го методот наречен „Менделова рандомизација“, истражувачите ја анализирале поврзаноста меѓу дневните навики за спиење на испитаниците и нивните мозочни особености, како што се волуменот на хипокампусот, времето на реакција, визуелното помнење и вкупната зафатнина на мозокот. Се открива дека оние кои практикуваат спиење дење, имаат поголем волумен на мозокот.

„Волумен на мозокот“ звучи малку апстрактно, но тоа е од клучно значење за целокупното здравје на нашиот највитален орган, велат наводите. Според други испитувања, поголем вкупен волумен на мозокот значи намалена опасност од смртност.

Како што човекот старее, зафатнината на мозокот има склоност кон намалување, а целта е да се забави тој процес. Одамна е познато дека добриот сон може да помогне во заштита на мозокот, па и ова ново истражување потврдува дека и краткото преспивање преку ден може да помогне во тоа. Претходните истражувања покажаа дека дремката исто така е полезна и во зајакнувањето на когнитивната функција и за поголема енергичност во текот на денот, што ја прави уште покорисна секојдневна навика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две деца прават муабет:
- Сега знам зошто штр-ковите одат на југ!
- Зошто?
- Па зошто и црнците сакаат да имаат деца!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби