Недостигот на витамин Б12 може да предизвика когнитивни проблеми

Веројатно една од најважните хранливи материи за човековото тело е витаминот Б12, којшто е потребен за нормално секојдневно функционирање.



Витаминот Б12 учествува во многу процеси во телото, вклучувајќи ја и синтезата на ДНК, создавањето црвени крвни зрнца и на изолационата обвивка што им овозможува на сигналите да минуваат низ нервниот систем. Можен недостиг од тоа, на пр., се знае дека може да предизвика анемија, потоа - замор, мускулна слабост, вртоглавица или зашеметеност... Но, помалку е познато дека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика и умствени проблеми.

Според напис објавен во „Британскиот медицински журнал“, има барем пет проблематични когнитивни состојби забележани кај 85 отсто од пациентите со недостаток на Б12. Тоа се: проблеми со помнењето, когнитивни тешкотии, афазија, проблеми со учењето и главоболки (мигрена).

-Анемијата е присутна кај помалку од 20 отсто од луѓето со недостаток на витамин Б12. Невролошките проблеми, пак, што се многу почести, може да траат со месеци, па дури и години, додека целосно да се решат, се наведува во написот.

За луѓе кои немаат поголем недостиг на витамин Б12 и невролошки симптоми, витаминот може да се прима орално во доза од 1.000 до 2.000 микрограми одеднаш / на ден. Витаминот Б12 го има само во храната од животинско потекло. Количината витамини во намирниците зависи од видот храна и земјата на производство. Во повеќето случаи, состојбата може да се подобри кога ќе се збогати исхраната со месо, риба, сирење, путер, јајца, хранлив квасец и друга храна што содржи витамин Б12. Меѓутоа, ако недостигот е потежок, можеби пациентот ќе треба да зема дневни додатоци и инјекции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби