Кога најмногу страдаме од осаменост?

Можеби ви звучи неверојатно, но повеќе од една третина од луѓето се сметаат себеси за осамени. Оние кои имаат околу четириесет години страдаат најмногу, покажаа резултатите од најновото истражување.

Тим од научници интервјуирале 1.300 лица во Австралија на возраст над 18 години. Фокус на истражувањето било чувството на осаменост. Најмалку осамени се покажале тинејџерите и луѓето над 50 години.

Ова истражување открило дека луѓето со силни верски убедувања биле помалку склони да се дефинираат како осамени, независно од возраста. Жените се повеќе верски декларирани, тие се чувствуваат помалку осамени.

Друг интересен факт е дека невработените се повеќе осамени отколку пензионерите.

Додека меѓу местото на живеење и чувството на осаменост не е најдена врска, приходите влијаат сериозно на чувството на осаменост: колку посиромашен, толку поосамен.

- Да разбереме што ги тера луѓето да се чувствуваат осамени е многу важно, бидејќи осамениот може да го зголеми ризикот за различни болести како што се кардиоваскуларни заболувања и депресија. Таа има врска и на други проблеми, на пример на домашното насилство, вели проф Вилијам Лаудер од Универзитетот во Данди, Шкотска, кој работел на истражувањето.

Науката веќе ја осознава врската помеѓу осаменоста и зголемувањето на ризикот од дебелина. Научниците се надеваат дека новите податоци ќе им помогнат на експертите да ги намалат здравствени проблеми предизвикани од неа.

Сепак, има и експерти кои се противат на тврдењето дека осаменоста треба да се смета секогаш како нешто негативно. Д-р Артур Касиди, социјален психолог од Универзитетот Белфаст вели:

- Луѓе, претежно на возраст 30 - 40 години, може да имаат негативно искуство, лоша врска или едноставно да чувствуваат дека не можат да се приспособат кон заедницата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби