Исхрана за лечење кандида

Кандијазата е една од најчестите инфекции кај луѓето, која е предизвикана од габата кандида и може да се појави во устата, гениталиите, цревата, јазикот или на кожата. Таа може да биде непријатна, но воглавно не претставува опасност доколку се третира соодветно. Лошата исхрана, намалениот имунитет, промена на флората и консумацијата на антибиотици се најчести причинители за појава на кандијазата.

Ви претставуваме диета до која би требало да се придржувате за да ја победите кандијазата. Нејзиното основно правило е да ја намали омилената храна на габите, а тоа се шеќерите.

Имајте на ум дека шеќерите многу добро се камуфлираат и кријат во повеќето индустриски преработени намирници, како што се разните сосови, намази, готовите јадења, виршлите и сл. Исто така, за време на оваа диета треба да го избегнувате овошјето.

Што треба да консумирате?

Зеленчук: брокула, блитва, домати, тиквици, магдонос, прокељ, целер, мешунки, зелка, бамји, краставица, спанаќ, кељ, ротквици, карфиол, аспарагус.

Риба и месо: сите видови на риба, шкампи, јастог, школки, пилешко, телешко, свинско, говедско, јагнешко месо.

Јаткасти плодови: сончоглед, лешници, бадеми, ореви, семки од тиква, сусам, индиски ореви.

Млеко и млечни производи: кисело млеко, путер, сирење во мали количини, јогурт.

Течности: вода, незасладени чаеви, кафе без кофеин и лимонада без шеќер.

Масла: маслиново, сончогледово и ленено масло.

Житарици од цело зрно: ориз, просо, леќа.

Останато дозволено во мали количини: печен компир, крекери од ориз и слични незасладени производи.

Храна која треба да се избегнува

Старо сирење, алкохол, чоколадо, сушено овошје, свежо овошје, ферментирана храна, печурки, оцет, пченица, ’рж, овес, јачмен, кикирики секакви шеќери, мед и сирупи, како и намирници кои содржат квасец, како леб, печива, колачи и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби