5 причини зошто да спиете голи

Летното време е идеално да се ослободите од вашите памучни маици и пижами и со самодоверба да уживате во благодатите на спиењето голи. Еве кои се тие:



Емотивно поврзување со партнерот

Во контактот на кожата со кожа се испушта хормонот окситоцин кој го намалува крвниот притисок, ги ублажува последиците на стрес и поттикнува емотивна поврзаност помеѓу партнерите.

Галењето со партнерот помеѓу чаршафите е одлично за продлабочување на вашата врска, а многу е веројатно и да разбуди сексуални страсти, па да доведе до оргазам кој ќе ви загарантира, помеѓу другото, и одличен сон.

Здравје на сексуалните органи

Доколку спиете голи може да го намалите ризикот за венерични инфекции. Иако одредена количина на бактерии е пожелна на интимните делови од телото, претераната количина би можела да го наштети целокупното здравје на организмот. Инфекциите се шират на влажни места, па токму затоа експертите препорачуваат секојдневно да спиете голи на чиста постелнина.



Балансирање на нивото на кортизол

Тешко ќе можете да заспиете доколку ви е топло, а пижамите непријатно ќе ви се лепат за телото и ќе ви создаваат поголема нервоза. Високата температура го нарушува и квалитетот на сонот, со што се зголемува нивото на кортизол во телото. Превисокото ниво на овој хормон дополнително ќе ви го вознемири сонот, ќе го зголеми крвниот притисок и ќе го намали имунитетот на организмот.

Квалитетниот сон подразбира намалена потреба за храна

Недостатокот на квалитетен сон ќе влијае на количината на енергија со која ќе располагате во текот на наредниот ден. Вашето тело ќе се обиде да го компензира тој недостаток преку покачена потреба за калории, односно за масна и слатка храна.

Со мирен сон до беспрекорен изглед

Осумчасовниот непрекинат и мирен сон ќе се одрази и на вашиот изглед. Наместо темни подочници и потечено лице, утрото ќе ве изненади свежата и блескава кожа. Урамнотежената температура на телото при спиење ќе го држи во баланс и нивото на мелатонин, кое влијае на вашиот младешки изглед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби