Разладете се на лесен начин

Летото само по себе си носи долги горештини од кои не можеме да се спасиме така лесно. Мислиме дека единствено решение ни е прибежиште на некое море или езеро, но што до тогаш? Ние ви нудиме неколку совети преку кои ќе се обидеме да ја вратиме свежината во вашиот живот, а летото да го направиме поиздржливо.

Свеж воздух



Во текот на ноќта и наутро нека ви бидат отворени прозорците. На овој начин ќе излезе топлиот воздух од просторијата, а ќе влезе свеж. Рано наутро, кога сонцето ќе почне силно да сјае, затворете ги сите прозорци и спуштете ги ролетните до долу, со цел да го спречите загревањето на просториите. Кога ќе ги затворите прозорците и ќе затемнете, преку денот не ги отворајте бидејќи на овој начин ќе ви биде многу поладно. Се разбира, ефектот на овој вид разладување зависи и  од тоа колку електрични уреди имате вклучено бидејќи тие го затоплуваат воздухот.

Спасот е во капките

Разладувањето на воздухот преку испарување на водата исто така може да биде од голема помош. Всушност, кога водата испарува од просториите „вшмукува“ одредена количина на топлина. По ист принцип се лади и се регулира температурата на нашето тело – потта испарува преку порите на кожата, ја презема топлината од телото и воедно го лади телото. За да ја освежите просторијата, ќе ви треба шише со распрскувач за разладување, пример она шишенце кое го користите при пеглање алишта, во кое ќе ставите ладна вода и ќе распрскате низ просторијата. Малите капки вода брзо ќе испарат, а воздухот ќе биде полесен за дишење.

Лесна облека



Облеката која ја носите на себе има големо влијание на тоа колку ви е топло. Во топлите денови облекувајте прозрачна облека, која ќе и овозможи на кожата да дише. Кога излегувате надвор за да се заштитите од сончевите зраци, добро би било облеката да биде со долги ракави, а материјалот да е лесен, практичен и удобен.

Лесна храна

Понекогаш јадеме многу зачинета храна, месо полно со маснотии и лута храна која го предизвикува потењето. Сепак, во летниот период би требало да ја одбегнуваме масната и тешка храна,а оброците да ни бидат во помали количини. Идеални се салатите, бидејќи содржат големо количество на вода која го хидратизира организмот.

Природно ладење



Најдобар и најприроден начин да се разладиме е капењето во езеро или море. Но, доколку не сме во можност, тогаш би можело да набавите еден базен во кој ќе ве собере и верувајте дека тоа ќе биде вашето ново омилено место во летниот период.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби