5 грешки кои ги имате направено во изминативе 60 минути

Денот е пред нас, а вие сигурно веќе сте западнале во неколку стапици кои можат да им наштетат на вашето тело и ум. Додека го поминувате работниот ден седејќи во канцеларијата, треба да обрнете внимание на следните работи:



Го фаќате лицето со немиени раце

Луѓето едноставно не можат да престанат да го пипкаат лицето. Некои статистики покажуваат дека во просек човекот по лицето се пипка четири пати во текот на само 5 минути! Проблемот лежи во тоа што јавните површини се преполни со бактерии, заради што со оваа лоша навика го зголемувате ризикот од развој на кожни заболувања или појава на акни по лицето.

Не станувате од столчето со часови

Седечкиот начин на живот го зголемува ризикот од прекумерна тежина, дијабетес и кардиоваскуларни болести. Да не ги ни споменуваме проблемите со ’рбетот, кој многу страда во оваа ситуација. Доколку сакате да го спречите ризикот од сето ова што е наведено, станувајте на секој половина час и растегнувајте се, а на секои 60 минути накратко прошетајте низ канцеларијата за да ги раздвижите нозете.



Грицкате нешто покрај компјутерот

Кога работите нешто на компјутерот, или пак кога гледате нешто на телевизија, во организмот внесувате повеќе калории за разлика од ситуациите кога целосно сте му посветени на оброкот. Додека сметате дека консумацијата на храна и извршувањето на работните активности ве прави број еден во мултитаскингот, всушност само и’ наштетувате на вашата линија и обемот на половината.

Ги триете очите

Триењето на очите често може да биде поврзано со појава на заболување на рожницата наречено кератоконус. Оваа навика со текот на времето доведува до потреба за носење на очила или ласерска корекција. Доколку, пак, носите леќи и често ги триете очите, со тоа уште повеќе можете да му наштетите на вашиот вид.



Го одложувате одењето по мала нужда

Заради презафатеноста не можете да стигнете на ред да го посетите тоалетот? Повременото воздржување од одење по мала нужда би можело да прерасне во навика, со која ќе ви се зголемат шансите за создавање на уринарни инфекции или појава на проблеми со инконтиненцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби