Современи навики: Седењето е новото пушење

Повеќето луѓе поминуваат 9 часа дневно седејќи, без да сфатат дека седењето полека станува темпирана бомба за нивното тело. И додека вас ви изгледа толку удобно, верувајте дека откако ќе го прочитате овој текст, веднаш ќе станете.



Седењето е опасно по вашето здравје. Физичката неактивност може да го зголеми ризикот за дебелеење, но и за разни срцеви болести, дијабетес, рак на дебелото црево, проблеми со грбот и со мускулите, тромбоза, болки во коските, депресија и деменција.

Експертите велат дека седењето е новото пушење, односно една темпирана бомба која чека да испука во вистинскиот момент. Светската здравствена организација веќе ја идентификувала физичката неактивност како четврт најголем убиец на планетата, пред дебелината. На пример, во Британија, истражувањата покажуваат дека просечен Британец во седење поминува 8.9 часови секој ден. Можеби седи на работа, во автомобил или пак на креветот пред ТВ. На овие часови додадете 7 часа сон и тоа значи дека не трошиме ни 1/3 од нашето време во стоење!



Како влијае седењето на вашето тело:

- Електричната активност во мускулите на нозете се исклучува
- Калориите се топат 1 во минута
- Ензимите кои помагаат во намалувањето на мастите се намалуваат до 90%
- Добриот холестерол се намалува до 20%

По 24 часа седење:

- Ефективноста на инсулинот се намалува за 24% и се покачува ризикот за дијабетес
- Луѓето кои седат за време на работа имаат два пати поголем ризик за кардиоваскуларна болест, од луѓето кои стојат



И по овие негативни страни на седењето, време е самите да ја направите промената, бидејќи тоа претставува опасност буквално за сите генерации. Поради тоа родителите може почесто да им објаснуваат на своите деца дека е навистина ризично да се седи долго во еден ден. Можете заедно да организирате вежбање, трчање на кеј, теретана, велосипедизам и слични нешта преку кои ќе ја вратите активноста во вашиот живот. Седењето сведете го на минимум, а доколку сте обврзани работно, обидувајте се да станувате што е можно почесто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби