5-минутни активности кои инстантно ќе ви го подобрат здравјето

Пиењето чај, консумирањето на пилешка супа и виткањето со шал околу половината се навистина добри совети до кои треба да се придржуваме. Но, кога станува збор за здравјето, постојат одредени едноставни работи кои може да ви помогнат секогаш да се чувствувате добро, како физички, така и психички.

За нив не ви се потребни повеќе од 5 минути! Еве за што станува збор:



Дишете длабоко

Вдишете длабоко 20-тина пати - 10 пати наутро и 10 пати навечер, за да ги подобрите функциите на белите дробови и крвните садови, да го исполните организмот со кислород, да ги исфрлите од себе токсините и да го намалите нивото на стрес.

Направете пауза

Менталното здравје влијае на физичкото здравје и нивната врска е нераскинлива. Реакцијата на стрес, без оглед на тоа дали е во прашање одредена случка која ви го променила животот или само напорна работна задача која треба да ја завршите во најкраток временски рок, влијае на вашиот сон и кожа. Не заборавајте во текот на денот да одвојувате по неколку минутки за себе за да успеете да ги држите под контрола реакциите на стресните случувања, да се опуштите и да се одморите од овие ментални јазли.

Трчајте

Истражувањата покажуваат дека лицата кои трчаат и само 5 минути на ден во просек живеат за 3 години подолго од оние кои не трчаат воопшто.



Пешачете

Што се однесува пак, на пешачењето, истражувањата покажуваат дека истото може да биде еднакво корисно за вашето здравје како и трчањето (сè додека трошите споредливо еднаква количина на енергија за време на активноста). Идеално би било на дневна основа да правите по 10 илјади чекори.

Проверувајте ја нутритивната вредност на храната која ја купувате

Држете ги намирниците кои не се добри за здравјето подалеку од вас! Прескокнете ги трансмастите во потполност. Што се однесува, пак, до заситените масти, задржете се на помалку од четири грама во рок од еден час. Истото важи и за шеќерот.

Проверувајте го рокот на траење на храната

При купување или консумирање на одредена намирница секогаш проверувајте го рокот кој е обележан на пакувањето.

Мијте ги рацете



Овој начин за одржување на здравјето на оптимално ниво, кој е еден од најстарите и понатаму останува најефикасен. Миењето на раце со сапун и вода е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за да останете здрави.

Станете

Ова практикувајте го редовно, особено доколку работното место ви наложува подолго седење. Во тој случај важно на секој час седење да станувате барем по три минути.

Користете крема со заштитен фактор секојдневно

Ракот на кожата е најчест облик на рак. За негова превенција не ви е потребно многу време. Секојдневното нанесување на крема со заштитен фактор не само што ќе ве заштити од сончевите зраци, туку и ќе ви помогне кожата да ја одржувате затегната и млада.

Исчистете ја тастатурата



Истражувањата покажуваат дека тастатурата од компјутерот или лаптопот може да крие повеќе бактерии отколку тоалетната школка. Затоа, чистете ја вашата тастатура секое утро!

Проверувајте ги бенките

Покрај нанесувањето на крема со заштитен фактор, редовно проверувајте ги и бенките и темните дамки кои ги имате по телото и не заборавајте од време на време да направите преглед кај дерматолог.

Проверувајте ги и дојките

Ракот на дојките е меѓу најзастапените форми на рак кај жените, па затоа при туширање редовно проверувајте си ги градите.

Прегрнете некого



Физичката блискост со личностите кои ви значат и кои ги сакате ослободува окситоцин, познат како хормон на доброто расположение. Истражувањата покажуваат дека кај жените доаѓа до намалување на пулсот и снижување на високиот крвен притисок, како одговор на прегрнување или држење на партнерот за рака. Исто така, окситоцинот се ослободува и кога стапувате во контакт со блиски пријатели или членови на семејството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби