10 мита за депресијата во кои мора да престанеме да веруваме

Депресијата е сериозно нарушување на психичката состојба чии последици може да доведат дури и до самоубиство. Од неа патат огромен број на луѓе ширум светот, па затоа мора да се разјаснат одредени недоразбирања кои владеат на оваа тема.



Мит: Депресијата и тагата се иста работа

Додека интензивното чувство на тага спаѓа меѓу симптомите на депресијата, овие два поими не се синоними. Тагата е само површно и краткотрајно чувство предизвикано од вознемирувачки моменти и моќни сеќавања, но таа доаѓа и си оди, што значи дека не е постојана. Депресијата, од друга страна, е хронична состојба од која не можете да се оддалечите лесно и брзо. Депресивните луѓе најчесто се чувствуваат празно, анксиозно, напнато и апатично.

Мит: Депресијата е знак за ментална слабост

Овој мит е една од главните причини зошто депресивните луѓе одлучуваат да патат во тишина и да не го споделат својот проблем. Треба да е јасно дека депресијата е комплексно ментално нарушување кое влијае врз лицето на биолошки, психолошки и социјален план и истата не дискриминира.

Мит: Депресијата секогаш следи после трауматична животна случка

Додека одредени случувања може да поттикнат депресивни епизоди, самите случувања не можат да бидат одговорни за појавата на депресија. Тие можат да предизвикаат тага, празнина и осаменост кај емотивните луѓе, кои може да траат и подолго. Но доколку истите не исчезнуваат повеќе од две седмици и се интензивираат често, тоа е еден од клучните симптоми кои лекарите ги бараат при дијагностицирање на депресијата.



Мит: Депресијата не е вистинска болест

Истражувањата покажуваат дека депресијата е сериозна здравствена состојба која прави и физички разлики во мозокот на оној што ја има. Настанува и дисбаланс кај невротрансмитерите и хормоните, кој има ефекти врз психофизичката состојба на лицето кои знаат да бидат и мошне сурови, движејќи се од промена на расположението, до неговото физичко постоење.

Мит: Сè е во главата

Покрај тоа што емотивните симптоми се главните карактеристики поврзани со депресијата, треба да се споменат и дебелеењето, несоницата, промените во апетитот и хроничните болки во мускулите и во градите, како последици од ова психичко нарушување.

Мит: Вистинските мажи не можат да станат депресивни

Тоа што стапката на појава на депресија кај жените е двојно поголема отколку кај мажите, не значи дека припадниците на посилниот пол не можат да патат од ова нарушување. Уште пострашен е фактот што сакајќи да изгледаат силно, мажествено и неемотивно, мажите одбегнуваат да зборуваат за овој проблем и да побараат помош. Тоа ја прави депресијата кај овие мажи уште посериозна состојба.

Мит: Депресијата е наследна

Додека навистина постојат одредени генетски предиспозиции една личност да заболи од депресија, станува збор само за ниска стапка која прави разлика од 10 до 15 проценти.



Мит: Антидепресивите се сè што ни треба да се чувствуваме подобро

Антидепресивите несомнено ќе ви помогнат инстантно да се чувствувате подобро, но тие нема да направат вашиот проблем да исчезне. Исто така, после некое време телото ќе се навикне на терапијата, заради што лековите нема да делуваат толку ефикасно. За оваа цел постои психотерапијата, која е ефикасна на долг рок и со која ќе можете да се изборите со оваа болест. Затоа, доколку психијатарот само ви препише терапија со антидепресиви, задолжително консултирајте се и за индивидуални сеанси по психотерапија.

Мит: Терапијата со лекарства ќе ви биде потребна цел живот

Депресијата ќе трае во зависност од вашата борба против неа и вложениот труд. Доколку свесно и отворено соработувате со вашиот психотерапевт, депресијата ќе исчезне побрзо.

Мит: Зборувањето за тоа само ќе ја влоши ситуацијата

Напротив! Депресијата побрзо ќе исчезне доколку се отворите за она што го чувствувате. Но, доколку ситуацијата е сериозна, се препорачува да разговарате исклучиво со стручно лице, бидејќи необучените сакајќи да ви помогнат, може само да ве збунат или да ве навратат на изворот на вашата состојба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби