За што се добри нашите омилени есенски плодови?

Со пристигнувањето на есента, конечно можеме да започнеме да уживаме и во костените, за многумина омилените есенски плодови.

На нивната миризба која се шири низ градските улици, тешко е да и’ се одолее, но овој плод има многу богата нутритивна и енергетска вредност, заради што особено им се препорачува на децата, спортистите, трудниците и старите лица.



Еве какви здравствени придобивки нуди консумацијата на костените:

Смируваат

Костените се богати со витамините од Б групата, како и витамините А и Ц. Исто така, тие се богати и со минерали, како калиум, фосфор, калциум, магнезиум, сулфур, хлор, бакар, магнезиум, железо и манган.

Содржат витамин Ц

Во споредба со другите јаткасти плодови, костенот се разликува по тоа што има низок процент на масти, а висок процент на скроб – дури двојно повеќе од компирот. Исто така, костенот е единствено јаткасто овошје кое содржи витамин Ц. Како оревите и бадемите, костените не содржат глутен.

Совршени се за трудници

Покрај сите горенаведени состојки, костенот е необично богат со фолна киселина, која обично се наоѓа во зелениот листест зеленчук.

Фолната киселина е неопходна за раст на клетките, синтеза на ДНК и нормално функционирање на нервниот систем. Внесот на храна богата со фолна киселина, ги зголемува шансите за зачнување, а за време на бременоста овозможува правилен развој на фетусот.



Го чуваат срцето

Костенот е богат извор на моно-незаситени масти, како олеинската и палмитинската киселина. Мононезаситените масти го штитат кардиоваскуларниот систем и помагаат во намалување на високото ниво на холестерол.

Ги исфрлаат задржаните течности од организмот

Костените помагаат при проблеми со стомакот и бубрезите, а одлични се и за исфрлање на вишокот вода од организмот. Покрај тоа, делуваат и противвоспалително, па претставуваат идеална намирница за оние кои патат од артритис и реума.

Совети за нивната консумација:

Со оглед на тоа дека костените се тешкосварливи, бидете умерени кога ги консумирате.

Добро е да комбинирате различни начини на подготовка на овие плодови, бидејќи печените костени се побогати со витамини, додека варените повеќе изобилуваат со минерали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби