Колкав е човечкиот рекорд во неспиење?

На човечкиот организам потребен му е сонот како што му се потребни и воздухот, храната и водата. Официјалниот рекорд во неспиење изнесува 11 дена. Откријте ги митовите и фактите за влијанието на сонот врз нашето тело.



Навики на спиење

Иако спиењето е основна потреба на организмот, овој феномен ни после 100 години проучување не ни е потполно јасен. Немаат сите еднакви навики на спиење. Околу 60 проценти од луѓето спијат од 6-8 часа на ден, околу 35 проценти повече од тоа, додека 5 проценти спијат помалку од 6 часа на ден. Наспроти различните индивидуални потреби, научниците се согласуваат дека без сон не може да се живее.

Несоница

Околу 40 проценти од луѓето за време на својот живот искусуваат период на несоница – хроничен недостаток на сон поврзан во отежнато заспивање, додека околу 15 проценти од нив заради тоа земаат терапија во вид на таблети за спиење. Жените се двојно посклони кон пореметување на спиењето, а како најголеми причини се издвојуваат стресот, психоактивни материи и физиолошки болести.

Последици од неспиење

После една непроспана вечер се создава чувство на поспаност, состојба на блага дезориентираност и недостаток на концентрација сличен како оној при лесна опиеност од алкохол. Кај продолжениото неспиење, зависно од лицето, после два до три дена доаѓа до благо пореметување на срцевиот ритам и главоболка, спонтан пад во сон и појава на визуелни или звучни халуцинации. Хроничното неспиење води кон губење на имунитетот и исцрпеност на сите органски системи.



Граница на издржливост

Рекордот во намерно неспиење го држи Ренди Гарднер, кој успеал да остане буден цели 11 дена. Истиот е и научно потврден. Гарднер не земал никави стимуланси, а долгорочни физички последици не настанале. Сепак, ваквите експерименти се реткост бидејќи не се етички исправни. Иако се смета дека официјално не може да се умре само од неспиење, недостатокот на сон се поврзува со други работи кои водат до смрт. Пример за тоа е 26-годишниот Кинез кој починал после 11 бессони дена во кои консумирал и алкохол, цигари и кофеин.

Спиење во цилкуси

Луѓето отсекогаш го истражувале сонот и неговото влијание на креативноста, а некои од познатите великани имале необични обрасци на спиење. На пример, познато е дека Леонардо да Винчи спиел по 30 минути на секои 3 и пол часа. Томас Џеферсон, пак, наводно никогаш не спиел подолго од два часа одеднаш, а Наполеон спиел само по 2 часа и тоа во точно определени термини - од полноќ до 2 часот наутро, како и од 5 до 7 наутро.

Иако таквите примери се бројни, експертите тоа никако не го препорачуваат. Потребни ви се по 7-8 часа сон на ден за вашиот организам да функционира правилно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби