Знаци дека ви недостасуваат здрави масти

На почетокот на 90-тите години мастите се најдоа на удар на бројни експерти кои ги окарактеризираа како најголем непријател на здравјето. Но, со време стана јасно како ден дека не е важно колкава количина на масти внесуваме, туку кои видови на масти. Лошите видови го зголемуваат ризикот од одредени болести, додека добрите масти го штитат срцето и го чуваат целокупното здравје.

Дали вашето тело има потреба од масти, ќе ви кажат следните знаци:

Често чувство на глад



Чувството на глад по консумирање на обилен оброк, но без масти, е еден од показателите дека телото има потреба од нив. Имено, нашиот организам многу брзо ги апсорбира јаглехидратите, додека за разградување на мастите потребен е подолг период за разградување. Мастите се задржуваат подолго време во дигестивниот систем од многу други хранливи материи, а монозаситените масни киселини може да помогнат при стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Што создава чувство на ситост.

Сува и безживотна кожа



Познато е дека масната храна е причинител на бројни нарушувања на кожата, но недостатокот на здрави масти во исхраната резултира во еднакво непогодна состојба на кожата. Имено, нашето тело не може да произведе липиди по природен пат, а нивното производство се поттикнува со внес на омега 3 масни киселини. Со нивното додавање во исхраната може да се подобрат бројни хронични состојби, како црвенило на лицето и атопичен дерматитис. Рибите, како лососот и бакаларот, изобилуваат со омега 3 масни киселини, како и со витамин Д, а покрај рибите, извори на здрави масти се и јајцата, леленото семе, лененото масло и јаткастите плодови.

Нередовен менструален циклус



Внесот на масти е важен фактор кај ПМС-от. Истражувањата покажуваат дека мастите се поврзани со нивоата на простагланид и естроген во телото. Доколку се намали внесот на добрите масти, менструалниот циклус може да се поремети. Маслото од коноп содржи оптимална содржина на омега 3 и омега 6 масни киселини, како и многу витамин Е, кој е моќен антиоксиданс, кој ги ублажува предменструалните болки и ја спречува остеопорозата, со тоа што го насмерува калциумот во коские.

Недостаток на концентрација



Недостатокот на незаситените масни киселини во исхраната доведува во промена на невроните вклучени во процесот на мислење и помнење. Затоа, доколку ви опаѓа концентрацијата и забележувате дека слабо помните, време е во исхраната да внесете масти.

Меѓу намирниците кои ги содржат они здрави масти, потребни за подобрување на менталните способности, најефикасни се оревите. Со консумација на само 30 грама ореви на ден, ќе ги задоволите сите потреби на организмот за здрави масти.

Недостаток на кондиција



Доколку редовно вежбате, а побрзо губите сила за да продолжите со тренингот од вообичаено, причината за тоа може да се наоѓа во вашата исхрана на која и’ недостасуваат масти. За време на вежбањето, телото ги согорува јаглехидратите од исхраната, а потоа се потпира на калориите од мастите, па доколку во телото ги нема доволно, доаѓа го недостаток на енергија и исцрпеност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби