Често туширање – препорачливо или штетно?

Повеќето луѓе се тушираат секој ден – тоа им е секојдневна обврска која никако не ја пропуштаат. Овие навики се косат со тврдењата на научниците кои велат дека честото миење има штетни последици.



Д-р Џошуа Цајхер, професор по дерматологија во њујоршката болница „Моунт Синаи“, го дефинира честото туширање како културен феномен.

Д-р Рахела Хирш, дерматолог од Бостон, вели дека мора да се истакне тоа што луѓето во САД знаат да претераат со хигиената, а таквото однесување, според неа, е прифатено како друштвена норма.

Пречестото туширање е одраз и на влијанието на маркетиншките кампањи, и тоа не само современите, туку и рекламите кои се пласирале во јавноста после Граѓанската војна во Америка. Како што во тоа време се ширеле рекламите за сапуните, хигиената на луѓето се кревала на повисоко ниво.

Како влијае честото туширање врз кожата на телото?

Американските дерматолози истакнуваат дека честото туширање ја суши кожата и предизвикува иритации, ги отстранува добрите бактерии кои живеат на површината на кожата, предизвикува напукнатини на неа и го зголемува ризикот од инфекции. Ова особено се однесува на туширањето со врела вода.

Дерматолозите им порачуваат на родителите да не ги капат своите деца секој ден. Доколку возрасните го послушаат нивниот совет, би ја направиле детската кожа помалку подложна на алергии и разни кожни заболувања, како што е егземата.

Според советите на американските експерти, не треба да се тушираме секојдневно, но сепак, во деновите кога ќе ја прескокнеме оваа хигинеска мерка, сепак треба да ја одржуваме хигиената на најкритичните места на телото, со помош на водена крпа.

Тие истакнуваат дека потребната зачестеност на туширањето зависи од степенот на активност на секој од нас, но дека најпрепорачливо е да се тушираме 2 до 3 пати неделно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби