Најголемата грешка која ја правите при вежбање

Инструкторите по вежбање обожуваат кога тренингот се состои од вежби со голем интензитет, интервални серии, многу пот од телата на вежбачите, забрзано дишење и црвенило на нивните лица. Но, тие предупредуваат дека луѓето го мешаат ефикасниот тренинг со прекумерниот.

Поентата не е во тоа да вежбате додека тоа не стане болно и не можете повеќе да се помрднете. Самата суштина на вежбањето е да го подобриме своето тело, а не да го уништиме. Постои јасна граница помеѓу подобрување и третирање на телото како вреќа за удирање.

Доколку намерно се форсирате надвор од границите на препорачаното, тоа е можеби најголемата грешка која ја правите при вежбање и која мора да ја промените. Еве како да го поддржите телото за време на тренинзите, наместо да го уништувате.

Вратете ја забавната нота на вежбањето

Ова не значи дека треба да се откажете од тренинзите со висок интензитет и да не се стремите кон повеќе, туку да се ослободите од опседнатоста и да престанете да си го казнувате телото. Осигурајте се дека уживате во вежбањето и излезете од теретаната насмеани.



Умот нека ви биде мотиватор, а не внатрешен противник

Телото го слуша сето она што умот има да му го каже, па затоа внимавајте што си кажувате себе си. Мислете на работите кои ги сакате на вашето тело или на работите кои ги подобрувате, наместо да дозволите сопственото тело да биде критикувано од страна на вашиот ум.

Слушајте си го телото

Дали ги следите сигналите на телото додека вежбате? Или се форсирате и преминувате преку болка иако телото ве моли да запрете? Телото многу добро знае што му е потребно, па затоа обрнете внимание. Самото ви кажува дали ви е потребно повеќе одмор, повеќе вода, помалку кондициони денови, повеќе зајакнување на мускулите, добро истегнување, јога... наше е само да ги примаме неговите пораки, наместо да ги игнорираме.



Не сте нескршливи! На секого му е потребен одмор

После секој тренинг, особено оној со висок интензитет, на мускулното ткиво потребно му е време да се опорави за да може да се зголеми мускулната маса. Затоа немојте да ја форсирате истата мускулна група ден по ден. После неколку дена тренинг, дозволете си по еден ден одмор во кој најтешката физичка активност која ја правите би била пешачење.

Исто така, после тежок и исцрпувачки тренинг, мора да го нахраните телото со здрав оброк кој вклучува протеини, јаглехидрати и здрави масти, како и да надоместите за изгубените течности со внесување на голема количина на вода. Во спротивно ризикувате да се здобиете со повреда или сериозна исцрпеност.



Важно е да комбинирате разновидна активност

Доколку имате одреден вид на омилена вежба и ја правите само таа, постојано ги изложувате истите мускули и коски под стрес, а со тоа го зголемувате ризикот за повреда. Работете на различен сет на мускулни групи со комбинирање на видот на вежбите, а со тоа ќе имате и подобри крајни резултати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби