Дали тефлонските тави предизвикуваат рак?

Изгледа дека не е доволно да водиме сметка само за она што го јадеме, туку треба да внимаваме и при изборот на садот во кој нашите оброци се подготвуваат.

Имено, американската Агенцијата за безбедност и зачување на животната средина на САД предупредува за садовите со нелеплива површина. Перфлуорната катоничка киселина, која се наоѓа во составот на ваквите садови, докажано предизвикува одредени облици на тумор на црниот дроб, панкреасот и тестисите, а влијае и на плодноста, кај животинските видови.



Иако не е докажано дека оваа хемикалија, која се наоѓа во составот на тефлонските садови, влијае конкретно и на луѓето, Агенцијата за безбедност и зачувување на животната средина порачува дека не би требало да ризикуваме.

Кујнските садови често се предмет на полемики поврзани со здравјето. Во 70-тите години од минатиот век се веруваше дека алуминиумот предизвикува Алцхајмерова болест, што довело значајно да се намали неговата употреба во производството. Сепак, оваа теорија никогаш не била официјално докажана.

Бакарните садови, пак, може за време на готвењето да испуштат извесна количина на овој материјал, која може да предизвика мачнини и дијареа.

Железото исто така може да предизвика одредени здравствени проблеми, додека за не’рѓосувачкиот челик се верува дека е сосема безбеден.

Наспроти бројните теории, за тефлонските садови сепак се верува дека се безбедни, заради специјалниот начин на производство и изложувањето на високи температури.

Според една студија, тестирани се 26 тави со нелепливо дно и ниту една од нив, при високи температури, не отпуштила било каква хемикалија.

Епилогот на ова е дека можете да користите тефлонски садови, без страв за загрозување на своето здравје. Но, внимавајте да ја одржувате оптималната температура за да не ги изгребете. Доколку тоа се случи, заменете го тефлонскиот сад со нов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби