Домашни „септолете“ за здраво грло и силен имунитет

Грипот и настинките повторно земаа голем замав, а токму во февруари се прогнозира да го достигнат својот максимум. Еден од првите симптоми на грипот е токму болното грло, а вам ви предложуваме да испробате вкусен и здрав природен лек кој може да го направите сами.



За лековитите својства на ѓумбирот и медот сигурно веќе знаете, а доколку во оваа совршена комбинација додадете и уште неколку состојки, ќе добиете неверојатни и вкусни домашни „септолете“ пастили.



Подготовка:

Земете едно тенџерче и во него ставете една шолја шеќер, половина шолја вода, една лажица свеж цеден сок од лимон и една лажица мед.

Медот има одлично антибактериско дејство кое му помага на болното и воспалено грло.

Потоа додадете половина лажична мелен ѓумбир и половина лажичка мелено каранфилче.

Зголемете го оганот сè додека мешавината не зоврие, а потоа добро помешајте.

Тргнете го тенџерчето од рингла и оставете ја смесата малку да се излади, околу 15-20 минути.



Подгответе големо тавче обложено со хартија за печење. Со помош на лажица истурајте го сирупот врз хартијата, да добие вид на пастили, како што е прикажано на видеото подолу.

Кога пастилите ќе се изладат, попрскајте ги со малку шеќер во прав. Вашите домашни „септолете“ се подготвени за употреба.

Погледнете го подетално целиот начин на подготовка прикажан во видеото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби