Грешки заради кои имате сало на стомакот

Доколку давате сè од себе, но разните диети и напорните тренинзи сепак не успеваат да ви помогнат да го изгубите салото на стомакот, можеби некои грешки кои ги правите ја оневозможуваат вашата цел. Ви откриваме 5 главни виновници заради кои омразените масни наслаги на струкот не сакаат да си отидат.



Недостаток на магнезиум

На нашето тело потребен му е магнезиум за нормална работа на срцето, нервите и мускулите, а учествува и во активација на повеќе од 300 ензими кои осигуруваат непречен тек на бројни процеси во телото.

Но, овој важен нутриент има влијание и на губитокот на килограми и обликување на телото. Истражувањето објавено во Journal of Nutrition открило дека доволниот внес на магнезиум се поврзува со пониско ниво на глукоза и инсулин, кои се инаку показатели на дебелеење.

Друго истражување открило дека магнезиумот благотворно влијае и на чувството на подуеност за време на менструалниот циклус. Имено, жените кои во организмот имаат доволна количина на магнезиум, се чувствуваат помалку подуено и отечено.

Совет: Меѓу намирниците богати со магнезиум се наоѓаат зелениот листест зеленчук, гравот, мешунките и јаткастите плодови. Доколку сакате да земате магнезиум во вид на суплементи во исхраната, секако посоветувајте се со лекарот.

Храна со премногу сол



Кога имате чувство на подуеност после консумирање на солен оброк, не ви се причинува. Преголемата количина на сол во организмот предизвикува преместување на водата од крвотокот во кожата, а големата дневна консумација на сол може да ви даде надуен изглед. Дури и повеќе од 90 проценти на луѓето ја преминуваат препорачаната дневна доза на сол од 4 грама, што ги саботира вашите напорите да се ослободите од салото на стомакот.

Совет: Ослободете се од таа навика да додавате сол врз јадењата. Наместо тоа, вкусот на оброкот подобрете го со разни зачини.

Консумација на газирани пијалаци

Газираните пијалаци се полни со празни калории кои влијаат на обемот на вашата половина. Имено, само две чаши газиран пијалак на ден предизвикува салото во пределот на стомакот да се насобира 5 пати побрзо. Големата количина на шеќери во газираните пијалаци поттикнуваат и желба за храна, заради што и јадете повеќе отколку што навистина ви е потребно.

Премалку сон

Доколку имате чувство на константен недостаток на сон, покрај тоа што очигледно сте хронично уморни, го спречувате отстранувањето на масни наслаги од стомакот. Истражувањето објавено во American Journal of Epidemiology открило дека жените кои спијат само по 5 часа навечер имаат за 32 проценти поголеми шанси да имаат прекумерна тежина, за разлика од оние кои спијат подолго.



Имено, заради недостаток на сон во текот на денот консумрате помрсна храна, а виновник за тоа е грелинот. Производството на хормонот на глад, како што се нарекува, се зголемува токму заради недостаток на сон.

Совет: За да го регулирате апетитот, а со тоа и тежината и салото околу стомакот, во текот на ноќта спијте по 7-9 часа. За да спиете поквалитетно, од вашата сплана соба отстранете ги електронските уреди, а температурата држете ја малку поладна од остатокот од домот. Идеалната температура на собата за спиење е околу 18 степени Целзиусови.

Избегнувајте го кофеинот доцна навечер и обидете се да држите рутина на спиење, дури и доколку тоа значи станување во исто време преку викендот.

Јадете погрешни масти

Телото не реагира на ист начин на сите масти. Истражувањата покажуваат дека високиот внес на заситени масти (како оние од месото и млечните производи) го зголемуваат насобирањето на масти. Од друга страна, пак, незаситените масти, кои содржат омега 3 масни киселини, како оние од оревите, сончогледовите семки, лососот, маслиновото масло и авокадото, делуваат противвоспалително и имаат благотворно дејство врз телото.



Совет: Избалансирајте го внесот на масти, бидејќи преголем внес било на заситени или на незаситени масти, нема да има позитивен ефект врз вашата линија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби