Чудотворното дејство на мед со вода на празен желудник

Секој од нас знае колкава корист ни носи редовната консумација на медот, а знаете ли што се случува кога заедно со медот ќе испиете и чаша вода на празен желудник?

Тоа е најдобриот начин за вашиот организам на кој можете да го започнете денот. Фантастичниот ефект на „медената вода“. Овој напиток уште одамна е употребуван за ослободување од различни болести, како и за козметичка намена.



Подготовка:

За да ја подготвите медената вода доволна ќе ви биде една мала лажичка мед, која треба да ја помешате во чаша млака вода. Со тоа се добива 30 процентен раствор на мед кој по својот состав е идентичен на крвната плазма. Медот ја структурира водата и со тоа ги зголемува нејзините лековити својства, а тоа е и научно докажано. Одлично е тоа што оваа вода потполно и брзо се апсорбира во организмот.

Користење

Медената вода подготвена на овој начин го нормализира варењето на храната, го зајакнува имунитетот и е особено корисна при лечење на настинки и бронхитис, како и за прочистување на организмот.

Зајакнување на имунитетот

Водата со мед ја зајакнува отпорноста на организмот против бактерии, вируси и габички.

Регулирање на дигестивниот систем

Медената вода се бори со паразитите кои живеат во нашите органи за варење и не им дозволува да се размножуваат, нормализирајќи го функционирањето на клетките на овие органи.



Слабеење

Доколку сакате да ја намалите тежината, секој ден до 11 часот наутро, пијте по 1,5 литри вода, покрај здравата исхрана која мора да ја примените. Оваа вода ги прочистува органите за варење, ја подобрува нивната фукнција и ги елиминира токсините. Со правилна исхрана и физичка активност, истата ќе ви помогне да го отстраните вишокот на килограми.

Активно хранење на кожата

Наутро загрејте ја медената вода која претходната вечер сте ја подготвиле, за да стане млака, и измијте ги лицето, вратот и областа на деколтето. Благодарение на систематското дејство на оваа лековита вода, доаѓа до подобрување на циркулацијата во крвните садови и се поттикнува исхраната на клетките на кожата. По миењето, почекајте малку медот да почне да дејствува, па потоа исплакнете ја кожата со млака чиста вода. Доколку оваа постапка ја практикувате редовно, кожата ќе ви стане поздрава, посвежа и поеластична.

Против зачестено мокрење во текот на ноќта

Медот е хигроскопен, што значи дека апсорбира вода, така што бубрезите и мочниот меур нема да се оптоваруваат и ќе можат да се одморат во текот на ноќта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби