Сите благодети на маслото од оригано

Со оглед на благодетите кои ориганото ги има врз нашиот организам, слободно може да се каже дека е вистинско богатство од природата. Почнувајќи од неговите свежи ливчиња до сушеното оригано, како и маслото од оваа билка, тоа има огромни предности за нашето целокупно здравје, кожата и косата. Маслото од оригано, екстрахирано од ливчињата на билката, преку процес на дестилирање, всушност претставува концентрирана форма на оригано и доволно е да се користи во многу мали количини за да постигне големи ефекти.



Ги третира инфекциите на кожата

Антибактериското и антигабичното дејство на маслото на оригано го прават одлично средство против инфекции на кожата. Може да го нанесете директно на критичните предели на кожата, претходно разредувајќи го според упатството на шишенцето.

Ги лечи воспалените синуси

Неколку капки оригано помешани во пијалакот кој го пиете (вода, чај, сок), консумирани секој ден, е идеален начин да се ослободите од воспалението на синусите. Ова е природен и безбеден лек, кој би требало да го постигне ефектот за 4-5 дена.

Му помага на дигестивниот систем

Доколку патите од било какво нарушување на системот за варење и барате безбеден начин да си помогнете, маслото од оригано е идеалното средство за тоа. Го смирува вознемирениот стомак и го помага варењето на храната. За помали проблеми, најдобар резултат ќе постигнете доколку во чаша топло млеко помешате 2-3 капки масло од оригано.

Го олеснува дишењето

Ставете неколку капки масло од оригано во вода зовриена вода и инхалирајте. Веднаш ќе забележите олеснување на воспалените дишни патишта.

Ги смирува воспалението на грлото и настинката

3-4 капки масло од оригано во сокот или чашата млеко ќе ви помогнат инстантно да ги намалите симптомите на здодевната настинка и воспаленото грло.

Ја намалува болката

Доколку често ве мачи болка во мускулите, направете раствор од малку капки масло од оригано помешани во маслиново масло и масирајте ги болните места. Избегнувајте ги нежните предели.

Против каснување од инсекти

Карвакролот е состојка на маслото од оригано која ги држи инсектите подалеку и ќе ве штити од каснувања.

За здрав скалп

Нанесувањето на неколку капки масло од оригано растворени во друго масло, како маслиново, на скалпот, ја штити кожата од сушење и ја спречува појавата на првут.

Против акни

Доколку имате проблем со акните, кои ви го грдеат лицето, маслото од оригано ќе ви помогне да ја исчистите кожата и да добиете беспрекорен изглед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби