Топ намирници за квалитетна сперма

Секој петти маж има лош квалитет на спермата или намален број на сперматозоиди, а проблеми со плодноста имаат повеќе од 80 милиони луѓе ширум светот. Шансите за зачнување можат да се поврзат со правилната исхрана. Имено, процесот на созревање на сперматозоидите трае 100 дена, за време на кои врз нивниот квалитет влијае она што го внесува мажот преку исхраната.



Хемиските соединенија фитоестрогени (составен дел на растенијата, кои се однесуваат како естрогенот), пронајдени во сојата, кафето и пивото, го намалуваат бројот на сперматозоидите и го попречуваат претворањето на тестостеронот во дихидротестостерон, а со тоа го забавуваат растот на ткивата на простатата, пишува Daily Mail.

Од друга страна, пак, постои одредени видови на храна со чиј внес се подобрува квалитетот на спермата, па доколку имате проблеми со зачнувањето, треба почесто да ги консумирате. Тоа се следните намирници:

Остриги



Покрај тоа што делуваат како афродизијак и ја поттикнуваат сексуалната желба, овие морски школки изобилуваат со цинк кој го зголемува нивото на полови хормони. Овој елемент го стимулира производството на сперма и ги штити сперматозоидите од оштетување, но и ги поправаат веќе постојните оштетувања.

Слично како црвеното месо и остригите, семките од тиква изобилуваат со цинк кој го зголемува нивото на полови хормони. Тие содржат фитохемикалии и антиоксиданси кои го намалуваат нивото на слободни радикали во телото и се богати со омега 3 масни киселини, кои го зголемуваат дотокот на крв во гениталиите.

Темно чоколадо



Темното чоколадо изобилува со аминокиселини кои го стимулираат производството на сперматозоиди, го зголемуваат нивниот број, но и волуменот на спермата. Аминокиселината L-Arginine HCL поттикнува поинтензивен оргазам, пишува AskMen.

Гоџи бобинки



Овие бобинки ја регулираат температурата во тестисите, со што го штитат здравјето на сперматозоидите, потоа ја подобруваат циркулацијата во гениталиите и помагаат во борбата со оксидативниот стрес кој ги уништува сперматозоидите.

Банани



Ова овошје изобилува со ензимот бромелаином, кој го регулира нивото на половите хормони. Исто така, бананите се богати со витамините Б1, А и Ц, кои ја зголемуваат сексуалната издржливост и го поттикнуваат производството на спермата. Со самото тоа и ги зголемуваат шансите за зачеток.

Аспарагус



Овој вид на зеленчук го зголемува бројот на сперматозоиди и го подобрува квалитетот на спермата. Аспарагусот изобилува со витамините Ц и Е. Витаминот Ц го штити здравјето на тестисите и ја чува спермата од оштетувања, предизвикани од дејството на слободните радикали, додека пак, витаминот Е го поттикнува производството на половите хормони.

Ореви



Оревите изобилуваат со омега 3 масни киселини, кои ја подобруваат циркулацијата во гениталиите. Покрај тоа, оревите го содржат соединението аргинин, кој го зголемува бројот на сперматозоиди и волуменот на спермата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби