Причини зошто спиете лошо

Проблемите со спиењето се толку чести меѓу луѓето што за некои добриот сон важи за вистинска среќа. Разликата помеѓу квалитетното и неквалитетното спиење може да има огромен ефект врз нашата способност за функционирање во текот на денот.



Постојат многу причини зошто не можеме да се наспиеме и одмориме во текот на ноќта. Еве ги 10-те најчести:

Премногу сте изложени на вештачка светлина

Иако вештачката светлина ни е неопходна за да можеме да функционираме откако ќе зајде сонцето, организмот сепак ја третира оваа светлина како природна, па кога сме премногу изложени на истата, како резултат се јавува намалено производство на мелатонин, хормонот кој ни е неопходен за добар сон.

Пиете кафе во текот на попладневните часови

Дејството на кофеинот се протега во период од шест часа – половина од количината делува инстантно, а другата половина побавно. Па така, на пример, доколку се напиете кафе во 16 часот, половина од дозата на кофеинот сеуште ќе биде во вашето тело во 22 часот, што целосно ќе го поремети производството на мелатонинот.

Чајот има половина од количината на кофеин за разлика од кафето, но ни неговата консумација не се препорачува во последните два часа пред да си легнете.

Вежбате пред да си легнете



Утринското или попладневното вежбање е одличен начин да се енергизираме и да ја одржуваме виткоста на телото, како и здравјето на целиот организам. Но, физичката активност во текот на подоцните часови од денот прави да имаме потешкотии со заспивањето. Во таквиот случај телото се обидува да се избори со вишокот енергија која сме му ја дале со вежбањето, што пак ќе нè држи будни некое време.

Оваа енергија би ви дошла совршено доколку биде создадена порано во денот, но пред спиење истата е контрапродуктивна.

Температурата во спалната соба е превисока

Температурата на нашето тело генерално опаѓа додека спиеме, но во самата РЕМ фаза од сонот, истата опаѓа и се качува. Токму заради тоа важно е собната температура да не биде затоплена до тој степен што би предизвикала неудобност кога телото дополнително ќе се затопли само од себе, резултирајќи во нарушување на сонот и будење.

Си легнувате доцна

Научниците воочиле дека најдлабокиот сон го постигнуваме во првата третина од ноќта, а должината на таа длабока фаза од сонот зависи од тоа кога сме си легнале.

Имено, на секои 90 минути спиење навршува по еден циклус, но за време на првата третина од ноќта шансите да потонеме во длабок сон се зголемени. Заради оваа причина спиењето од 22 часот до 6 часот наутро повеќе нè одмара отколку спиењето од 1 до 9 часот наутро.

Пиете многу алкохол



Само заради тоа што алкохолот нè зашеметува, не значи дека истиот е добар за нашиот сон. Всушност, доколку сме испиле повеќе од една чашка, често се будиме во текот на ноќта.

Тоа е така бидејќи РЕМ фазата од сонот се намалува со само две испиени алкохолни пијачки во периодот пред да си легнеме, заради што таа ноќ сме склони кон сонување кошмањи и често будење.

Има преголема бучава

Иако ова е очигледна причина, добро е да ја споменеме. Доколку средината во која спиеме е многу бучна, секако дека нема да можеме да се наспиеме како што треба. Доколку не можете да влијаете на средината и да ја направите посоодветна, тогаш од аптека набавете си тампони за уши.

Повеќе сте отспале попладне

Кратката дремка во текот на попладневните часови е одлична за да се одмориме и да се наполниме со енергија, но доколку затераме со попладневното спиење, истото ќе го наруши квалитетот на ноќниот сон.

Се препорачува кратка 20-минутна дремка или подолга дремка во траење од 90 минути. Сè што е повеќе од тоа, не е препорачливо.

Го проверувате мобилниот телефон



Доколку го проверуваме телефонот во текот на ноќта, заради неговата светлина го попречуваме производството на мелатонин и го нарушуваме циклусот на спиење. Што е уште полошо, оваа навика им дозволува на кортизолот и допаминот – хормоните одговорни за будењето наутро, да се ослободат во нашиот организам порано.

Ја користите опцијата snooze

Фамозната опција за одложување на алармот, позната како snooze, ја пореметува фазата на будење. Имено, дури и да сме се наспале одлично во текот на ноќта, доколку го одложиме ѕвонењето на алармот ќе бидеме мамурни кога ќе станеме.

Нашето тело природно се подготвува за претстојниот ден еден час пред да очекува да се разбуди. Тогаш спиењето ни станува полесно, во организмот се излачуваат кортизолот и допаминот, а телесната температура ни се зголемува. Доколку го одложиме алармот кога нè буди за прв пат, може повторно лесно да потонеме во длабок сон, што ќе направи будењето на второто, третото или четвртото ѕвонење да ни биде уште потешко.

Затоа, наместете го алармот да ви ѕвони во минутата кога ќе треба да станете и не си оставајте резервен простор за да дремнете уште пет минутки. На тој начин ќе го започнете денот многу посвежи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби