Тест: Пресметајте колку долго ќе живеете

Група научници пресметале дека секој од нас има капацитет да ја доживее 100-та година. Биолозите таа граница ја поместуваат понапред, додавајќи уште 20 години, иако библиското траење на животот е проценето на околу 70 години.



Тие направиле одреден концепт врз основа на кој можеме да пресметаме колку долг животен век имаме предиспозиции да доживееме.

Започете вака: Најпрво според табелата која се наоѓа во продолжение, дознајте го очекуваниот животен век во однос на вашата моментална возраст. Потоа ќе треба да одговорите на 22 прашања за да дојдете до конечната бројка.



Како што може да се види на табелата, доколку на пример имаме 35 години, имаме очекуван животен век од 72,2 години. Овој број ни е почетна точка на која додаваме или одземаме години, во зависност од вашиот одговор на прашањата кои следат.

Напомена: Жените може да очекуваат да живеат три години подолго од мажите, па затоа доколку сте жена, на основниот број додадете + 3, што значи дека во примерот би добиле 75,2 години на старт.

Потоа одговорете на следните прашања:

1. +1 година за секоја ваша баба или дедо кои доживеале 80 или повеќе години, а + 0,5 години за секој од нив кој доживеал 70 години или повеќе.



2. Одземете 4 години доколку вашиот брат, сестра, родители или нивни родители починале од срцев удар пред навршени 50 години од животот. Одземете 2 години за секој од нив кој починал од истото на возраст помеѓу 50 и 60 години.

3. Одземете 3 години доколку вашиот брат, сестра, родители или нивни родители починале од шеќерна болест или чир на желудник пред навршени 60 години. Доколку некој од наведените починал од рак на желудникот пред 60-тата година од животот, одземете 2 години.

За сите други болести, причинители за смрт на возраст до 60 години, одземете 1 година.

4. Жените кои не можат да имаат деца или не планираат да имаат, треба да одземат 0,5 години.

5. Доколку сте прво дете на вашите родители, додадете 1 година.

6. Додадете 2 години доколку вашиот коефициент на интелигенција е поголем од 100.

7. Доколку пушите повеќе од 40 цигари на ден, одземете 12 години. Доколку пушите по 20-40 цигари дневно, одземете 7 години, а за помалку од 20 дневно треба да одземете 2 години.



8. Доколку имате сексуални односи 2-3 пати неделно, додадете 2 години.

9. Редовниот систематски преглед еднаш годишно, ви додава 2 години.

10. Доколку имате вишок килограми, одземете 2 години.

11. Доколку спиете повеќе од 10 часа дневно или помалку од 5 часа, одземете 2 години.

12. Ако пиете 1 до 2 чашки жесток алкохол на ден, односно 500 милилитри вино или 3 чаши пиво, додадете 3 години.

Ако не пиете секој ден, додадете 1,5 години.

Доколку воопшто не пиете не додавајте и не одземајте ништо.

Доколку пиете прекумерно, одземете 8 години.

13. Вежбањето 3 пати неделно ви носи плус 3 години.

14. Доколку не консумирате масна и конзервирана храна додадете 1 година.



15. Доколку често сте болни (настинките не се вбројуваат) одземете 5 години.

16. Доколку имате магистратура или докторат, додадете 3 години.

17. Работа: физичките работници треба да одземат 4 години, а доколку не сте фиизчки работник, но вашата работа бара да сте физички активни, додадете 2 години. Доколку работите на биро, одземете 2 години. Менаџерите, административните работници и техничарите треба да одземат 0,5 години. Доколку имате потешка професија додадете 1,5 години.

18. Животот во град ви одзема 1 година, а доколку живеете во село, додадете 1 година.

19. Доколку имате еден или двајца блиски пријатели, додадете 1 година.

20. Доколку живеете со партнер или сте во брак, додадете 1 година. Доколку сте разведен маж и живеете сами, одземете 9 години. Доколку сте вдовец кој живее сам, одземете 7 години. Доколку, пак, живеете со некој друг, одземете само половина од наведеното. Разведените жени одземаат 4 години, вдовиците кои живеат сами одземаат 3,5, а доколку живеат со некој друг одземаат 2 години.

21. Додадете 2 години доколку го одржувате активен вашиот ум.

22. Доколку вашиот став кон животот е позитивен, додадете 4 години.



Напомена: Резултатите од овој тест го покажуваат потенцијалното траење на вашиот живот доколку продолжите да го живеете на досегашниот начин. Запомнете дека сè може да се промени. Време е да се посветите на здравата исхрана, физичката активност и да ги правите сите работи кои ве исполнуваат и ве прават позитивни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби