Три најсилни чувари на вашите коски

Брокулата, сусамот и бананата се природно оружје во борба против губитокот на коскената маса!

За да не и се дозволи на остеопорозата да го нападне телото, односно коските, важно е луѓето да водат сметка за начинот на исхрана.

Во адолесцентната фаза од исклучително значење е младата личност да биде физички активна, бидејќи така го поттикнува растот и развојот на коските. Ви претставуваме три намирници кои поседуваат најмногу неопходни состојки за здрави и силни коски.

Брокула

Брокулата е намирница која ќе ви го обезбеди телото со доволно минерали и протеини, а особено калциум. Најдобро е да ја консумирате свежа како салата, а доколку не можете така тогаш пржена на малку масло или обарена на пареа, со оглед на тоа дека со термичката обработка брокулата ги губи важните состојки.

Овој зеленчук изобилува со минералите калциум, магнезиум, калиум и железо, заради што се наоѓа на самиот врв на оваа листа на намирници за чување на здравјето на коските, но и за целокупното здравје на организмот.

За време на подготовката, брокулата треба да ја ставите во посолена вода што врие, и да ја варите најмногу 5-6 минути. На тој начин ќе се зачуваат повеќето корисни состојки, како и крцкавиот и убав вкус.

Сусам



Сусамот претставува еден од најкорисните додатоци во исхраната против остеопорозата, додека сусамовото масло се смета за исклучително квалитетно, па често се користи како замена за маслиновото.

Во големи количини присутни се исклучително важните минерали калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. За оние кои во организмот не внесуваат доволно калциум, сусамот е вистинскиот избор. Доволно е една супена лажица од ова семе да ја потопите во 500 милилитри јогурт и да ја оставите да преноќи. Наутро изедете ја мешавината на празен желудник и оваа постапка повторувате ја во континуитет.

Банани

Бананите се еден од најдобрите извори на калиум, кој е од суштинска важност за одржување на нормален крвен притисок, функционирање на срцето, и здравјето на коските. Исто така, познато е дека за време на мокрењето доаѓа до губење на калциум од организмот, па токму бананите ќе го спречат тоа и ќе ви помогнат да имате силни коски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби