Семките на лубеницата кријат еден куп тајни за нашето здравје!

Додека ја јадеме лубеница, многу луѓе ги фрлаат нејзините семки. Оние пак, кои нив ги јадат без да знаат му помагаат на своето варење, а телото по дигестивниот тракт ги исфрла нечепнати. Сепак, на тој начин нивната полезност скоро и да не се искористува.

Имено за да се искористи лековитоста на семките потребно е тие да се сварат, сомелат или испечат, со цел да се дојде до нивната драгоцена содржина. Тие во себе содржат диетски влакна, неопходни за нормална работа на дигестивниот тракт, помагаат во случај на појава на цревни паразити, како и за лечење на болни од жолтица, водени болести и воспаленија во организмот.

Семките од лубеница ја содржат супстанцата цитрулин, која делува како антиоксиданс, помага за ширење на крвните садови, при артериосклероза, кај висок крвен притисок и ангина пекторис. Американски научници во почетокот на 20-от век, напишаа дека семките од лубеница се многу корисни за лекување на бубрезите и мочните патишта. Според нивните кажувања, користењето на чајот од свежи семки е прекрасен диуретик и се препорачува за отстранување на камчиња и песок од бубрезите и мочните патишта. Тие имено го препорачувале токму чајот од семките кој ќе го прочитате на крајот од текстот.

Семките од лубеницата се препорачуваат и за јакнење на срцето како и за мускулната структура на телото. Користењето на овие семки во облик на чај или грицки се препорачува и за помнење и концентрација, а и за сјај на кожата и нејзина затегнатост. Семките на лубеницата се одлично средство како и самата лубеница за зајакнување на либидото и потенцијата на мажите. Чајот од семките се препорачува и за дијабетичарите како ефикасно средство за третирање на дијабетес тип 2.

Семките на лубеницата се одличен  извор на магнезиумот, железото, витаминот А,Б,Ц, антиоксиданси, калциум, манган, полузаситени и монозаситени здрави масти.

Подготовка на чајот:

Се земаат 4 лажици исклучиво свежи семки од лубеница, се дробат или мелат во млин за кафе. Се варат 15 минути во 2 литри вода. Оваа количина се распоредува и се пие во текот на два дена, а третиот ден се прави пауза. Овој процес се прави неколку седмици по истиот редослед.  Два дена се пие, третиот ден пауза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби