Како со варење да му ги намалите калориите на оризот

Оризот, кој е основа на многу традиционални кујни, е можеби најзастапената храна ширум светот. Се проценува дека во Азија се консумираат 90 проценти од целио ориз кој се произведува.



Оризот е особено популарен бидејќи лесно се комбинира со различни видови на храна и е релативно евтин. Но, оваа намирница има една лоша страна – честата консумација на бел ориз се поврзува со зголемен ризик од дијабетес. Една шолја чист варен ориз содржи 200 калории, повеќето од кои доаѓаат од скробот, кој потоа се претвора во шеќер, а на крајот завршува како масни наслаги на телото на оние кои не успеваат да го потрошат.

Но, научниците неодамна откриле еден лесен трик со помош на кој оризот се осиромашува од калории и на тој начин станува поздрав за консумација. Станува збор за чиста хемија.

Имено, еден студент на колеџот за хемија во Шри Ланка и неговиот ментор се обидувале да пронајдат начин на варење на оризот кој ќе ги намали неговите калории за 50 проценти, а воедно и ќе додаде некои дополнителни бенефиции за здравјето. Овој генијален метод, кој всушност е едноставна хемиска манипулација, вкучува само неколку лесни чекори за да ја примените.



- Она што го направивме беше варење на оризот на вообичаен начин, но кога водата веќе врие, пред да се додаде суровиот ориз, додадовме кокосово масло – околу 3 процнети од тежината на оризот кој сакаме да го зготвиме. Откако се свари, го оставивме да се олади во фрижидерот околу 12 часа. Тоа е сè, изјави Судаир Џејмс, кој ја презентираше неговата прелиминарна студија на National Meeting & Exposition of the American Chemical Society (ACS).

Оваа загуба на калории е објаснета со однесувањето и промената на скробот. Имено, постојат видови на скроб кои лесно се претвораат во глукоза, а потоа во гликоген и за нив потребно е пократко време да се сварат, заради што се нарекуваат лесно сварливи видови на скроб. Вишокот на гликоген ни се таложи во телото во вид на масни наслаги, доколку не изведуваме доволна физичка активност за да го истрошиме. Од друга страна, пак, постои и резистентен скроб, за кој на телото му е потребно подолго време за да го процесира. Заради недостигот на способност на телото за негово варење, резистентниот скроб не се претвора во гликоза или гликоген, па заради тоа е посиромашен со калории.



Истражувањата покажуваат дека во зависност од начинот на кој се готви и преработува, скробот може да се менува од еден во друг вид.

На пример, истражувањата имаат покажано дека загревањето на одредени намирници, како што се компирот и грашокот, ја менува количината на резистентен, односно добар скроб.

- Доколку се намали количината на лесно сварливиот скроб, се намалува бројот на калории. Влијанието може да биде огромно, вели д-р Пушпарајах Таварајах, професор и надзорник на студијата.

За да го постигнат ова, студентот и професорот истражувале многу различни рецепти на подготвување на оризот. Откриле дека со додавање на липиди (во случајов – кокосово масло, кое е во широка употреба во Шри Ланка) во водата пред да се додаде оризот, а потоа инстантно ладење на сварениот ориз, драстично се сменувал неговиот состав, но во добар правец.



- Маслото реагира со скробот и му ја менува структурата. Ладењето на оризот, пак, ја потпомага конверзијата на скробот од сварлив во резистентен. Резултатот е поздрав оброк, дури и откога повторно ќе го загреете, вели Џејмс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби