Пет ефикасни трикови против непријатниот затвор

Опстипацијата, односно затворот на столицата е непријатна појава која со себе носи бројни тегоби, а од неа патат сè повеќе луѓе. Доколку и вие го имате овој проблем, следете ги овие совети за да го решите ефикасно.



Хранливи влакна

Постојат два вида влакна – растворливи и нерастворливи, а и двата вида може да го спречат настанувањето на затворот. Растворливите во себе содржат вода, па ја прават столицата помека и заради тоа полесно се движи низ цревата. Нерастворливите остануваат непроменети и поминуваат низ цревата и го забрзуваат варењето.

Што да јадете

Меѓу намирниците богати со влакна се наоѓаат крушите, брокулата, лененото семе, кивито, морковите, гравот, варениот компир, праските, ананасот, леќата, портокалот, интегралниот ориз, зобната каша...

Што да пиете

Водата е најдобриот пријател на вашето тело, а со тоа и на вашиот дигестивен систем. Се препорачува водата која ја пиете да биде млака. Исто така, во секојдневната рутина вклучете ги и чаевите. Оние кои делуваат како лаксатив се чај од глуваче, нане, сена, анасон, црн и зелен чај.

Што да избегнувате

Намирници кои треба да ги избегнувате доколку имате проблем со затвор се чоколадо, млечни производи, црвено месо, банани, како и пржена храна и нездрави грицки, како што се чипсовите и крекерите. Овие намирници се сиромашни со влакна и можат да предизвикаат дополнителни проблеми со дигестијата.

Облоги и масажа

Направете топла оболога од загреана чинија завиткана во крпа и ставете ја на долниот дел од стомакот, односно на подрачјето на карлицата. Исто така, кај затворот помага и масажа. Лесно притиснете го стомакот по средината и со дланка масирајте во насока на сказалките од часовникот со кружни движења, од средината кон надвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби