Ослободете се од непријатната миризба на вагината

Непријатната миризба на вагината може да се должи на повеќе причини, а со неа се справува секоја жена, барем неколку пати во животот. Бактериската инфекција, лошата хигиена и хормоналниот дисбаланс се дел од причинителните на оваа несакана појава, за која мора да закажете преглед кај лекарот.



Треба да имате на ум дека миризбата на вагината се менува во текот на еден менструален циклус, па доколку со вашиот гинеколог востановите дека немате посебен проблем, дури тогаш можете да употребите некој од следниве домашни лекови да ја елиминирате миризбата.

Јаболков оцет



Јаболковиот оцет има антисептичко и антибактериско дејство, што значи дека ефикасно може да ја совлата непријатната миризба. Оваа намирница ќе се избори со токсините и ќе ја врати киселата средина на вагиналната флора, која веројатно ви е нарушена.

Наполнете ја кадата со вода и во неа додадете 2 шолји јаболков оцет. Потопете се 15-20 минути, а потоа излезете. Правете го ова на неколку пати неделно за побрзо отстранување на проблемот.

Сода бикарбона



Балгодарение на нејзината корисна примена, сода бикарбоната е извонредна намирница која има способност да го балансира нивото на pH вредноста во телото. Непријатната миризба на вагината се појавува токму кога е нарушена оваа вредност.

Наполнете ја кадата и додадете половина шолја сода бикарбона. Правете го ова редовно како би го спречиле настанувањето на инфекции и би ја елиминирале непријатната миризба.

Јогурт



Јогуртот е полн со лактобактерии кои се борат против кандидата, како една од најчестите женски инфекции. Овој напиток исто така ја регулира pH вредноста на телото и го враќа во баланс, со што ќе се отстрани и непријатната миризба од интимниот предел. Се препорачува секојдневна консумација на јогурт, а исто така од помош може да ви биде следниов трик: Натопете еден тампон во јогурт и ставете го во вагината. Оставете го да стои неколку часа, а потоа извадете го и измијте се.

Масло од чајно дрво



Чајното дрво има силно антигабично и антибактериско дејство, заради што е одличен кандидат за да се избори против непријатната миризба на вагината. Ставете три капки масло од чајно дрво во една шолја вода и со добиената течност плакнете го пределот неколку пати неделно.

Лук



Антигабичната моќ на лукот е докажано ефикасна во заштита на телото. Трикот е едноставен – што почеста консумација на лук, свеж или готвен. За поголем ефект, на празен желудник изедете две чешниња лук, а помогнете си со чаша млака вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби