Липата ја лекува несоницата, глогот го зајакнува срцето

Во пролетниот период почнуваат да растат лековити билки од кои може да се припремат разни чаеви и други домашни препарати. Дозволете си себе си барем еден ден во неделата за заминување во природа, уживање на свеж воздух и берење билки. Пред да се впуштите во берење, треба да знаете одредени правила. Најважно е да ги распознавате билките, при што ќе ви помогнат фотографиите од некоја книга за билки. Дури и кај најмалите недоумици мора да се советувате со некој кој ги разбира или со ботаничар.



Се берат само деловите од билката кои ни се потребни, кои треба исклучиво да се сечат, а не да се кинат. Кај билките со корен треба да се внимава да не ја искорнеме билката од корен. Се зема само онолку колку што е потребно. Секогаш се собираат суви, во убаво време и во претпладневните часови. Тоа особено важи за билките кои содржат етерични масла, бидејќи количината на маслата во тоа време е најголема. По долготрајните дождови треба да се почека барем два до три дена. Билките со етерични масла се собираат на сончеви места и се проверува нивниот мирис: ги згмечуваме меѓу прсти и мирисаме на оддалеченост од 10см, со затворени очи. На овој начин брзо ќе научете да ги распознавате различните мириси и нивните нијанси.

Лековитите билки е важно да ги собирате на незагадени места. Избегнувајте ги рабовите на патот, местата близу фабрики, прсканите полиња и шеталиштата. Зелените делови се собираат на почетокот на нивното цветање, а цветните билки кога целосно се расцветени. Листовите се берат целосно развиени, а само кај брезите им даваме предност на младите листови. Корењата се ископуваат на есен или во пролет. Календарите на берење лековити билки се само делумна помош, бидејќи билките секоја година растат во различен период. Собраните билки најчесто ги оставаме да се исушат добро.



Ако е можно, надземните билни делови да не се мијат, за да се исушат што е можно побрзо. Зелените делови, листовите и некои цветови се сушат цели. Дури пред употреба искинете ги или исечете ги. За што побрзо да ги исушите корењата исечете ги по должина, на парчиња од пола сантиметар, а пред употреба исечете ги ситно. Најдобро е да се сушат на природен начин, но може да ги ставите и во рерна на 50°С, а вратата од рерната да ја оставите полуотворена.

Лековити билки може да одгледувате и во дворот

Повеќето зачини како што се рузмаринот, босилекот или мајчината душица, се мошне лековити. Најдобро е да пронајдете услови за растење, па така на медитеранските билки најмногу им одговараат сончеви положби и каменита земја богата со варовник.

Свежите листови може да ги подготвувате за јадење



Многу видови лековити билки, како што се копривата или листовите на глуварчето, може да се подготвуваат како зелен зеленчук и да се додаваат во супите и варивата.

Обрнете внимание на сите делови на билките

Кај шумските јагоди, капини и малини не го користете само сочниот плод, туку и листовите богати со танин. Листовите се берат пред да почнат да се создаваат плодовите, а може да служат како замена за црниот чај.

Залихите од чаеви обновувајте ги еднаш годишно

Количината на лековитите состојки во сушените билки се намалува со самото стоење. Токму затоа секоја година треба да ги заменувате со нови. Старите билки искористете ги за купки за бањање.

Бреза



Лепливите млади листови се берат веднаш штом процвета брезата. Се употребуваат како чај за лечење лесни инфекции на уринарниот тракт, бубрежни камења и отоци. Секојдневната употреба на облози од чај ги лечи и брадавиците. За лечење реума се користи во комбинација со коприва.

Липа



Младите листови на липата може да се јадат како здрава салата. Чајот од цветовите на липата најчесто се препишува за нервоза и помали проблеми со спиење. Има и диуретично дејство па се препорачува за лечење на многу висок крвен притисок во артерии, против масни наслаги во крвните садови (бидејќи ги шири крвните садови) и за намалување на болките предизвикани од мигрена. Во народната медицина жежок чај од липа се користи за предизвикување на потење и против настинка и грип.

Глуварче



Сите делови на глуварчето се лековити. Листовите се користат при задржувања на вода, бубрежни проблеми, целулит и дебелина. Корењата делуваат диуретично и благо лаксативно. Поради високата количина на инсулин, глуварчето им се препорачува и на дијабетичарите.

Мајчина душица



Помага при прочистувањето на носот за време на настинка или астма. Влијае на бронхиите така што ги шири и спречува развој на речиси сите бактерии. Исто така се користи и при кашлица и бронхитис. Корисна е и против болки во мускулите. Често се употребува како средство против грчеви, повраќање, надуеност и намалено варење на храната. Од мајчината душица се подготвуваат чаеви, сирупи, а бидејќи го олеснува варењето добро е да се користи и како зачин во јадењата.

Коприва



Листот од коприва е богат со витамини и минерали, особено со железо. Може да се подготви како јадење слично на спанаќот или да се суши за чај. Пиењето чај од коприва може да го зголеми отстранувањето на натриумот и мочната киселина, а со тоа да го олесни реуматизмот и артритисот. Коренот од коприва најчесто се користи кај отежнато мокрење поради зголемена простата.

Глог



Глогот ја зајакнува и ја регулира работата на срцето и крвниот притисок. Освен што го намалува зголемениот притисок, го зголемува и пренискиот притисок кај оние чии срцев мускул е ослабнат. Користен е и во лечењето на оштетен срцев мускул во староста, кај воспаленија на срцето, во лечење на згрутчување на крвните садови, а делува и за смирување. Секако, кај овие болести потребно е да се консултирате со лекар пред да го користите глогот.

Рузмарин



Ја зголемува циркулацијата и ги зајакнува капиларите, ја подобрува концентрацијата, помага при главоболка и во лечењето на инфекција на дишни патишта. Алкохолната тинктура од рузмаринот се користи за масажа кај реума или при проблеми со циркулација.

Камилица



Етеричното масло од камилица има противвоспалително дејство на слузницата, па така вдишувањето на камилица ги намалува воспалителните синуси и астмата. Со оглед дека ги ублажува грчевите, камилицата е соодветен лек за болки во желудникот, болни менструации и желудочни грчеви. Лесно ја поднесуваат и новороденчињата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби