Зошто е подобро да се пие топла отколку ладна вода?

Околу 60 проценти од човечкото тело е составено од вода. Можеме да преживееме неколку недели без храна, но без вода само три дена. Но, овој податок не нè изненадува, со оглед на тоа што водата изведува многу витални функции во телото – помага да се одржи идеалната телесна температура, ги исфрла токсините од телото и помага во дигестивните процеси и метаболизмот на витамините и минералите.



Но, знаете ли дека пиењето топла и пиењето ладна вода имаат различни бенефиции за здравјето?

Секој од нас знае дека редовниот внес на вода е неопходен, но веројатно не сте свесни дека тепмературата на водата која ја пиете може да има дополнителни предности.

Пиење ладна вода

- Помага да согорите повеќе калории. Со внесувањето на студена вода во телото, го поттикнувате организмот да се впушти во акција за да ја поврати нормалната температура на телото. Со произведување на повеќе топлина, метаболизмот се активира и согорува повеќе калории.

- Ладната вода ја намалува температурата. Пиењето на ладна вода ќе го спречи прегревањето на вашето тело, особено кога вежбате или кога временските услови се неподносливо топли. Непотребното загревање на телото му отежнува на срцето и ги шири крвните садови. Консумацијата на ладна вода за намалување на температурата на телото помага и за спречување на дехидрацијата, која може да се јави како резултат на прекумерно потење.



- Пиењето ладна вода ќе ве расони. Доколку се чувствувате поспано и летаргично, обидете се да се освестите со пиење на чаша ладна вода. Тоа ќе ја забрза работата на срцето и ќе поттикне излачување на адреналин кој ќе ве крене.

Пиење топла вода

Според ајувердата, древна индиска медицина, пиењето топла вода му помага на дигестивниот систем, ги намалува нус производите на метаболизмот и го подобрува генералното здравје. Некои велат дека топлата вода е поздрава за пиење од ладната. Еве зошто:

- Ја олеснува болката. Од главоболка, вознемирен стомак до ПМС – пиењето топла вода ви овозможува да се справите со болката без да пиете апчиња. Таа има инстантен смирувачки ефект врз телото, овозможувајќи им на мускулите и нервите да се опуштат.

- Пиењето топла вода го спречува предвременото стареење. Топлата вода е поефикасна во исфрлање на акумулираните токсини од телото отколку ладната вода. Со нивното исфрлање, кожата станува помека и посјајна. Производството на структурните протеини колаген и еластин исто така се подобрува, а со тоа се намалува појавата на брчките.



- Консумацијата на топлата вода ја нормализира столицата, односно го спречува затворот и ги отстранува симптомите како подуеност, гасови и болки во стомакот. Тоа е така затоа што помага да се разложи храната на помали делчиња, овозможувајќи истите да поминуваат полесно низ гастроинтестиналниот тракт.

- Ја подобрува дигестијата. Пиењето на ладна вода после јадење може да предизвика стврднување на мастите од храната, правејќи ги потешки за процесирање. Топлата вода, пак, е генерално добра за целиот дигестивен процес бидејќи помага во разложување на храната, со што нутриентите подобро се апсорбираат во телото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби