7 совети за да го спречите кариесот

Не постои човек на кој посетата на стоматолог му е омилена. За да ја сведете оваа непријатна обврска на минимум, треба постојано да се грижите за вашите заби.



Можеби не сте знаеле, но постојат многу природни начини да се заштитите од кариес. Со воведување на одредени промени во вашата исхрана и правилна нега на забите, ќе ја намалите можноста за создавање на кариес. Ви претставуваме неколку совети со помош на кои стоматологот ќе треба да го посетите само за редовна контрола, а не и за поправање на расипани заби.

Консумирајте храна богата со витамините А, К и Д

Витаминот К е одговорен за здравјето и развојот на вилицата на која се поставени забите. Заради тоа важно е да јадете намирници кои содржат повеќе витамин К, како зелката, карфиолот, листестиот зеленчук, јогуртот, сирењето и рибиното масло. Храната богата со витамин А и Д исто така ја намалува можноста за развој на кариес, а за да ги внесете во вашето тело, се препорачува да консумирате козјо сирење, пилешки џигер, лосос и рибино масло.

Намалете го внесот на јаглехидрати и шеќери

Истражувањата докажале дека кај луѓето чија исхрана е богата со јаглехидрати и шеќери, појавата на кариес е значајно почеста. Заради тоа е важно да го ограничите нивниот внес и да ги јадете во мали количини.



Консумирајте храна богата со калциум

Јогуртот, млекото и сирењето ќе ги зајакнат вашите заби и ќе ги намалат шансите за создавање на кариес. Кога консумирате јогурт, внимавајте на тоа да го изберете оној кој не содржи дополнително додадени шеќери.

Пијте по шест до осум чаши вода на ден

Водата помага остатоците од храна во вашата уста да се распаднат и да се неутрализира присутната киселина. Заради тоа, дневно внесувајте минимум по шест чаши вода.

Мијте ги забите два пати на ден

Редовното миење на заби и чистењето со забен конец оневозможува остатоците од храна во вашата уста да се претворат во бактерии кои предизвикуваат кариес. Забите мијте ги наутро и навечер, а доколку во меѓувреме сте изеле некој голем оброк, слободно можете да им овозможите на забите дополнителен третман со четката.



Користете паста за заби со флуор

Флуорот може да ви помогне дури и кога кариесот е во раната фаза на настанување и може да го спречи неговиот развој. Заради тоа користете паста за заби со флуор или побарајте од вашиот стоматолог да ви препорача флуорен гел. Покрај тоа што ќе ве штити од кариес, флуорот на вашите заби ќе им помогне да станат отпорни на киселината која природно се наоѓа во устата.

Јадете зеленчукова супа

Доколку сакате да ги „нахраните“ вашите заби, направете супа богата со зеленчук по желба, по можност од плодови кои не се третирани со пестициди. Експертите советуваат супата да ја варите на основа од пилешки или телешки коски, бидејќи истата помага за регенерација на забите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби