Грчките болници пред колапс

Атина, 26 мај 2015 (МИА) - Болниците во Грција се соочуваат со недостиг од основни средства за работа како што се лекови, хируршки ножици, па дури и чаршафи.

Бројот на Грци без здравствено осигурување достигна 2,5 милиони луѓе во споредба со 500 илјади кои беа пред почетокот на економската криза во 2008 година, објави Тајмс.

Инвестициите во здравството се намалени за 25 отсто од 2009 година.

Грција годишно обезбедува 11 милијарди евра за здравствениот систем и таа цифра ја прави една од државите со најмали вложувања во таа област.

Дел од грчките медиуми јавуваат дека во одделни болници се враќаат пациенти со образложение дека нема основни средсва за работа меѓу кои и апарати за мерење крвен притисок.

Во еден случај од пациент било побарано да донесе од дома и чаршафи.

Хирург на обука во државна болница во Атина ја опишал состојбата дека е „пред експлозија“.

- Нема пари за ремонт на медицинската апаратура, нема пари за бензин на возилата за итна медицинска помош, нема пари ни за медицински сестри ниту пак за купување модерни хируршки апарати, вели лекарот за Тајмс.

Во април новата влада вети дека ќе се справи со несоодветните услови во државните болници и со корупцијата во здравствениот сектор. И покрај проблемите поради недостиг од пари, грчките власти ја укинаа задолжителната такса од пет евра за преглед во државни болници и ветија вработување на нови 4.500 здравствени работници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...