Димитриевски: Не напаѓаме политичи субјекти, туку водиме позитивна кампања

Како партија не прогласуваме мораториуми, бидејќи немаме намера и не напаѓаме политичи субјекти, водиме позитивна кампања, рече денеска лидерот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија и претседателски кандидат Максим Димитриевски коментирајќи ја изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во која прогласи мораториум за ненапаѓање во рамки на изборната кампања.



Димитриевски во изјава по средбата со граѓани во Скопје, во однос на повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување на македонско национално единство, посочи дека по завршување на изборите, пред да започне какви било преговори, движењето планира да излезе со декларација за дефинирање на, како што рече, „македонските црвени линии“.

- Во однос на изјавата на преседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој што прогласи мораториум за ненапаѓање и повик за национално македоско единство би сакал да посочам дека ми е мило што конечно сите тие субјекти кои се претставуваат како големи субјекти ја сфатија суштината и заложбата на ЗНАМ. Мене ми е мило што конечо од првиот момент ЗНАМ како нов политички субјект најави дека по завршување на парламентарни избори пред да влезе во договори и преговори со идните коалициски партнери ќе излезе со една декларација за дефинирање на македонските црвени линии и де факто потврдување на македонска национална платформа . Тоа би значело повисоко ниво на соработка на мултикултурен и мулитетнички план. Денешната состојба која никогаш не била полоша е резултат на владеење на два политичка субјекта од македонскиот блок и еден од албанскиот блок а тоа е ДУИ и ваквите повици не можат никого, ниту колективно, ниту индивидуално да се изземат од каков било вид на одоговорнсот за се она што е направено во претходниот период, порача Димитриевски.

Ја исклучи можноста за каква било соработка после изборите со актуелното раководство на СДСМ и посочи дека изминатите постапки на власта и опозицијата потврдувале дека помеѓу нив постоела соработка и покрај различните ставови изнесени во јавноста.

- Според она што го гледам како функционираа нештата особено во делот на фамозното гласање на измените во Кравичниот законик тоа ни потврди на дело дека суштински во јавноста имаме разногласија, а во Парламентот се обезбеди мнозинство од страна на актуелната владеачка структура, но сепак кворумот го обезбеди опозицијата. Тоа потврдува еден вид на соработка помеѓу нив и тоа е крајно лицемерно кон јавноста, изјави Димитриевски.

Иако се отворени за сорботка, сепак, посочи дека ЗНАМ ќе делува како независен политички субјект.

- Сметам дека најголем број од раководството на СДСМ од една државнотворна партија ја трансформираа таква каква што е денеска и затоа сметам дека треба да поднесат не само политичка, туку и кривична договорност заедно со добар дел од нивните коалициски партнери, бидејќи направија голема штета и корупцијата си го дава својот резултат, согласно сите истражувања и забелешки кои ги добиваме од надвор, а дополнително и граѓаните го чувствуваат тоа на своја кожа и го потврдуваат, посочи лидерот на ЗНАМ.

Подвлече дека македонското национално единство е еден од приоритетите на движењето ЗНАМ.

-Нашата програма е јасна, со пет принципи пет кратки постапки, со рокови. Еден од нашите приоритети е да постигнеме единствено македонско национално единство, личните антагонизми да се стават во заден план, а во преден да се потребите на граѓаните. Во делот на враќање на правната држава сметам дека како иден претседател ќе добијам можност соодветни компетенти личности да бидат претставени во Уставниот суд, а дополнително и таквите да бидат претставени и во Републичкиот судски совет каде е потребна суштинска реформа за да може да се врати правноста и казнивоста во државава за сите, со една интервенција во законот за кривичина постапка каде би се вратил во сила стариот закон, дури казните би биле поревносни за носителите на јавните функциии, изјави Димитриевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Си живеел Тарзан во џунгла среќно 25 години и попатно си се задоволувал со дупки во дрвата. Додека еден ден тој си правел што си правел со еден даб, го нашла Џејн и целата се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1813.- Во Лајпциг е роден Рихард Вагнер,...
1819.- Парниот брод "Савана", изграден во...
1885.- Во Париз умре Виктор Иго, француски...
1918.- Германските воени авиони го бомбардираа...