Љутков: Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма

Новата Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со цел почитување на колективната меморија, ќе располага со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, подвлече министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по денешната презентација на визуелното решение на култниот објект за скопјани.



- Денеска пред македонската јавност го презентиравме визуелното решение за новата Универзална сала - модерен и функционален објект, што ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје. Проектот што беше преземен од Град Скопје е задржан во делот на идејното архитектонско решение. Направени се измени во делот на конструктивните елементи, по насоките дадени во испитувањата што дополнително ги побара Министерството за култура и туризам, а беа неопходни по опожарувањето на објектот, рече министерот Љутков.

Притоа информираше дека е изработена нова просторна акустика со вклучени техничко - технолошки системи - hvac, сценска техника-механика, лед осветлување и аудио - видео и електрични инсталации.

- Предвидени се нови современи материјали во ентериерот и надворешноста на објектот. Проектот е енергетски ефикасен објект, изработено е современо и интересно партерно и хортикултурно решение, додаде Љутков.

Тој посочи дека очекува на почетокот на октомври да завршат и постапките за избор на изведувач и надзор, со што, како што нагласи, ќе се создадат услови за започнување на изградбата на Универзална сала по системот „клуч на рака“. Планирано е изградбата да заврши до крајот на 2027 година.

- Со што, во 2028 година ќе бидеме подготвени да започнеме со реализација на програмата за проектот „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“. Инвестицијата според пресметката ќе чини 20 милиони евра. Ова не е само објект - ова е инвестиција во културата, идентитетот и иднината на Скопје. Универзалната сала ќе стане модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво, достапна за сите граѓани, подвлече Љутков по денешниот брифинг со новинарите.

Околу реконструкцијата и адаптацијата на објектот што е симбол на градот и наменет за различни настани, се осврна проектантот Бујар Муча. Меѓу другото, појасни дека задржан е концептот на гледалиштето - диспозиција на блокови, влезови и излези.

- Намален е бројот на редови за да се зголеми конфорот на публиката и да се задоволат безбедносните параметри во случај на евакуација и ПП. Предвидени се околу 1.200 седишта, наместо 1.500 колку што претходно имала салата, додаде тој.

Притоа соопшти и добра вест за филмаџиите, со оглед дека во Универзална ќе можеле да се одржуваат премиери, а со подобрената акустика, објектот немало да пречи на жителите во околината.

На новинарско прашање, министерот Љутков изјави дека по завршувањето на проектот, Универзална сала ќе се врати под надлежност на Град Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...