Пожарот што пред 4 часот утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, во општина Кисела Вода, е изгаснат пред 6 часот, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

-Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излезе на лице место и со осум возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6 часот, наведува ДЗС за пожарот кој избувнал над Стаклара во местото наречено Каменик.
ДЗС посочи дека се работи за „тежок пожар“ затоа што во сервисот за возила имало повеќе автомобили, масло и други запалливи предмети и благодарение на брозото пријавување на пожарот и брзата реакција, била спречена поголема катастрофа.
📌 Пожарите не се случајни; пироманите се организирани; целта е несигурност и страв кај граѓаните, и предизвикување политичка нестабилност на владата 🔥 ("Стаклара", автосервис, К. Вода)
Posted by Antonio Miloshoski on Monday, September 15, 2025
Според очевидци, рано утрото се слушнал звук како пукање, по пријавата била брза реакцијата на пожарникарите, нема повредени, причинета е само материјална штета.