Подобро да се сретнам со латино-американците, отколку со Ципрас

Атина, 10 јуни 2015 (МИА) - Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изрази разочарување од активностите на грчката влада, изјавувајќи пред еврокомесарите дека Грција веќе загубила еден сојузник од Комисијата, пишува грчкиот весник „Имерисија“. 

Пред нив Јункер нагласил дека отстапките, кои биле преземени од негова страна се потрошени, бидејќи и тој бил подложен на притисок од останатите институции во врска со исполнувањето на обврските од страна на Атина. 

Јункер изјавил пред еврокомесарите дека нема да присуствува на денешната средба во Брисел со грчкиот премиер Алексис Ципрас, ако на неа тој се однесува на истиот начин, како и минатата недела. 

- Подобро би било да се сретнам со латино-американците, изјавил Јункер. 

Британскиот весник „Фајненшел тајмс“, исто така, пишува дека Грција загубила еден пријател во лицето на Јункер.

Незадоволството на претседателот на Европската комисија, претставува продолжение на изјавата на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој пред пратеници од партијата на демохристијаните изјавил, дека не може да слушнат за напредок на преговорите со Грција, бидејќи ништо не се случува, пренесува весникот „Имерисија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...