Европејците ја сфатија неопходноста од изнаоѓање остварливо решение за Грција

Брисел, 11 јуни 2015 (МИА) - Европејците ја сфатија неопходноста од изнаоѓање на остварливо решение за Грција, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по синоќешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на маргините на самитот на ЕУ во Брисел, пренесува ТАСС. 

- Ние одлучивме да ги засилиме преговорите за надминување на преостанатите разлики и за постигнување на решение во блиска иднина, изјави Ципрас по речиси двочасовната средба со Меркел и Оланд. 

Ципрас и портпаролот на германската влада ги оценија преговорите како конструктивни. 

Грчкиот премиер изјави дека договорот треба да даде можност Грција да се врати кон раст со социјално единство, но и со поподнослив долг, јави ДПА. 

Ципрас, уште еднаш, повика за преструктурирање на грчкиот долг, за што ЕУ е подготвена само по постигнување на договор со кредиторите. 

Германскиот канцелар Ангела Меркел пред средбата истакна дека Ципрас не треба да преговара со нејзе и Оланд, туку со трите институции, кои ги претставуваат кредиторите Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. 

Преговорите, сепак се во ќорсокак, откако Грција ги отфрли барањата на кредиторите за намалување на пензиите, за реформа на пазарот на труд и предложените цели за буџетски суфицит. Грција може да ги задоцни плаќањата по долгот кон крајот на месецот, ако не добие средства од кредиторите, бидејќи кон крајот на месецот Атина треба да врати 1,6 милијарди евра на ММФ. 

Средбата на Меркел, Оланд и Ципрас е петтиот заеднички разговор за помалку од две недели, што ја покажува сериозноста на напорите на високо ниво за спречување на банкрот, што ќе ја принуди Грција да излезе од еврозоната. 

Преговорите на експертско ниво меѓу Грција и кредиторите сега се очекува да продолжат. Ципрас, се очекува денеска да се сретне со претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер. 

Експертите треба да постигнат договор, што ќе биде предложен за одобрување на министрите за финансии од еврозоната, чија следна средба е на 18 јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...