Македонија и Црна Гора да бидат поканети во НАТО на самитот во Варшава

Варшава, 12 јуни 2015 (МИА) - Поранешните југословенски републики Македонија и Црна Гора треба да бидат поканети да се приклучат кон НАТО на следниот самит на Алијансата во 2016 година во Варшава, изјави министерот за одбрана на Полска Томаш Шемонак. 

Таквиот чекор би можел дополнително да ги влоши односите меѓу западните држави и Русија, што веќе се во длабока криза поради случувањата во Украина, пренесува БТА.

- Ќе биде одлична вест ако може да бидат испратени покани од Варшава за Македонија и Црна Гора, изјави Шемонак во полскиот град Вроцлав. 

Според Шемонак изгледа дека самитот на НАТО во Варшава, ако остане без овој елемент, нема да биде целосно задоволувачки за голем број земји, вклучително и Полска. 

Македонија и Црна Гора сакаат да ги следат Албанија и Хрватска, кои пристапија на НАТО во 2009 година, но Русија се противи на ваквото проширување на НАТО кон поранешни комунистички држави во источна и југоисточна Европа, како дел од трката за геостратешко влијание по крајот на Студената војна. 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави минатата година дека проширувањето на НАТО кон поранешните југословенски републики Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора би можело да биде сметано како провокација, пишува БТА.

Самитот на НАТО во Варшава е закажан за 8 и 9 јули 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...