Хрватска се извини за кукастиот крст на теренот на Пољуд во Сплит

Хрватскиот фудбалски сојуз (НСХ) се извени за кукастиот крст (свастика), поставен на теренот на стадионот „Пољуд“ во Сплит, каде синоќа играа репрезентациите на Хрватска и Италија.

„Свастиката“ се смета како симбол на германскиот фашизам во текот на Втората светска војна, а во тревата беше забележана непосредно пред излегувањето на фудбалерите на терен.



Организаторите се обидуваа да ја отстранат пред натпреварот и за време на полувремето, но не успејаа многу во тоа.

Засега не е познато како и кога е „исцртан“ кукастиот крст. Се претпоставува дека тоа е правено при косењето на тревата и се верува дека било изведено 24 до 48 часови пред натпреварот, за да може да се забележува во текот на играта.

- Ова е саботажа и ние очекуваме полицијата да ги открие и да ги идентификува сторителите, изјави денеска во Загреб портпаролот на НХС, Томислав Пацак.

Натпреварот во рамки за квалификациите за Европското првенство идната година во Франција, во Сплит се играше пред празен стадион поради казната на УЕФА за Хрватска по инцидентот во март годинава на натпреварот со Норвешка, кога дел од публиката навиваше извикувајќи нацистички пораки.



За „кукастиот крст“ на Пољуд информирана е УЕФА и сега се чека нејзината реакција.

- Ова што се случи синоќа со свастиката на терен е срам не само за нашиот фудбалски сојуз, туку и за цела Хрватска, се вели во соопштението.

Претседателот на НСХ, Давор Шукер изрази жалење и призна дека станува збор за стар проблем кој сојузот го има со хрватските навивачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...