Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин

Моето лично мислење е сосема јасно дека земјите членки не треба да присуствуваат на инаугуративната церемонија за новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното во Брисел на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри задолжени за развојна и меѓународна соработка.



- По многубројните дискусии со претставниците на земјите членки, на сите нив им порачав дека според мое мислење не треба да се присуствува на таа инаугурација и мислам дека мнозинството од земјите членки нема да присуствуваат, изјави Борел. Тој додаде дека неприсуството на церемонијата го смета за правилна одлука, бидејќи како што рече, на крајот Путин е некој против кого има покренато обвинение од страна на Меѓународниот кривичен суд.

- Би било и контрадикторно да се присуствува на церемонијата, ако претходно оценивме дека претседателските избори не беа фер и слободно. Затоа мој совет до земјите членки е да не присуствуваат, нагласи Борел, додавајќи дека сепак на крајот суверена одлука на секоја држава е дали ќе присуствува на церемонијата.

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...