Кос во посета на Австрија со цел потврда на агендата за проширување на ЕУ

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска престојува во Виена со цел да добие потврда за ангажираноста на Австрија во унапредувањето на агендата за проширување на ЕУ и да ја продлабочи соработката.



Како што соопшти нејзиниот Кабинет, за време на посетата Кос ќе се сретне со австриската министерка за Европа, интеграција и семејство Клаудија Плаколм, со која ќе разговара за одржливата политичка поддршка на Австрија за проширувањето, со фокус на условеноста и постепената интеграција како столбови на кредибилитетот на пристапниот процес, како и за начините за поттикнување на јавната доверба во проширувањето.

- Комесарката, исто така, ќе се сретне и со членови на австрискиот Парламент за да разменат мислења за стратешката важност на проширувањето за економијата и безбедноста на Австрија. Таа ќе ја нагласи природата на процесот базирана на заслуги и воспоставените заштитни мерки за справување со трошоците, миграцијата и управувањето, истовремено охрабрувајќи активна парламентарна комуникација што ги истакнува можностите за австриските граѓани и бизниси, се наведува во соопштението.

Предвидено е Кос да има средба и со австриската министерка за европски и меѓународни прашања Беате Мајнл-Рајзингер, со која ќе разговара за поддршката на Австрија за проширувањето и активното ангажирање со земјите од Западниот Балкан, Молдавија и Украина. –- Тие, исто така, ќе разговараат за улогата на Австрија во обновата на Украина, вклучувајќи ги можностите за австриските бизниси и поблиската координација со новоназначениот национален координатор за обнова, се додава во соопштението.

Посетата на Виена Кос ќе ја заврши со вечера со група експерти за проширување, на која се очекува да бидат разменети мислења за важноста на проширувањето во сегашниот геополитички контекст.

- Оваа мисија ја нагласува посветеноста на Европската комисија на тесна соработка со земјите членки за зајакнување на кредибилитетот, поттикнување на јавната доверба и унапредување на проширувањето на ЕУ на начин базиран на заслуги и инклузивен, потенцираат од Кабинетот на Кос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот


Некој скитник кој бил многу гладен застанал на прозорот од некој ресторан и гледал како другите јадат, а лиги почнале да му течат. Гледајќи така забележува човек со чорба...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1847.- По низа победи во...
1924.- Во познатите септемвриски горно-џумајски...
1977.- Во Хемшајр, во Англија умре Леополд...
1982.- На приодот на Монте Карло, во Франција во...