Вдовицата на Навални тврди дека лабораториски анализи покажале дека нејзиниот сопруг е отруен

Вдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, Јулија денеска објави видеоснимка во која тврди дека лабораториските тестирања на биолошките примероци потврдиле дека нејзиниот сопруг е убиен со труење во февруари 2024 година, додека отслужувал затворска казна на Арктикот.



- Лаборатории во две земји дојдоа до заклучок дека Алексеј е убиен. Поточно: е отруен, наведе Јулија Навални додавајќи оти неговите соработници успеале да пренесат биолошки примероци во странство, пред тој да биде погребан.

Таа не наведе кои примероци се анализирани, ниту резултатите од тестирањето, но ги повика лабораториите сами да ги објават резултатите.

Алексеј Навални беше најистакнат критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Тој повеќе години организираше антивладини протести и го разоткриваше богатството на најблискиот круг на Путин. Претходно беше отруен во 2020 година додека водеше кампања во Сибир, по што беше итно префрлен во Германија на лекување.

Тој, по враќањето во Русија во јануари 2021 година, беше уапсен, а подоцна осуден на 19 години затвор по низа обвиненија, вклучително и „екстремизам“. И покрај неговото затворање, тој продолжи да го критикува Путин и руската инвазија врз Украина.

Според руските власти Навални ненадејно починал на 16 февруари 2024 година, откако се разболел додека шетал низ затворскиот комплекс. Неговото тело не беше вратено на неговото семејство со денови, што предизвика дополнителни сомневања.

Јулија Навални постојано го обвинува рускиот претседател за смртта на нејзиниот сопруг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...