Ципрас: Сега топката е кај европските власти

Брисел, 23 јуни 2015 (МИА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас, синоќа, по средбата на високо ниво на еврозоната, изјави дека сега топката е „во полето на европските власти“, за да може неделава да се постигне спогодбата и Грција да не дојде до состојба на банкрот, пренесува германската новинска агенција ДПА.

На прес конференцијата во Брисел Ципрас кажа дека главниот критериум на новите реформи, што Атина им го предложи на нејзините кредитори, е „социјалната праведност“.

-Првпат тежината нема да падне врз платите и пензиите. Ги зачувавме пензиите и платите, го зачувавме просечното статистичко семејство, рече тој и истакна дека за првпат тежината ќе падне врз оние кои можат да ја носат.

Грчкиот премиер кажа дека новите предлози на Атина биле прифатени од кредиторите „како основа за преговори“ и ја подвлече неопходноста од сеопфатно и животно важно решение, проследено од „голем пакет за раст“, информира ДПА. 

- Грчкиот план предвидува мерки кои ќе обезбедат штедење од приближно осум милијарди евра за 2015 и 2016 година, рече владин претставник кој посакал да остане анонимен.

Атина предлага постепенно кревање на возраста за пензионирање на 67 години и ограничување на можностите за рано пензионирање.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека грчкиот план е првиот сериозен реален предлог по многу недели преговарање, а претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум, кој 
претседаваше со заседанието на министрите за финансии од  еврозоната, пред синоќешната средба изјави дека „неделава има можност да се дојде до договор", пренесоа американските медиуми.

Во среда ќе се одржи нова средба на министрите за финансии од  еврозоната со надеж дека до четврток, кога е средбата на врвот на ЕУ, ќе има спогодба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...