Ципрас: Референдум за предлогот на кредиторите на 5 јули

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика синоќа Грците на 5 јули на референдум да се изјаснат за тоа дали Грција треба да го прифати или отфрли предлогот на меѓународните кредитори.

Одлуката за распишување на референдумот е објавена кусо по седницата на Владата во Атина, на која се расправаше за понудата на кредиторите.

Парламентот за овој предлог треба да се изјасни денеска на пладне.

За потврда на одлуката на Ципрас потребни се 151 глас, односно помалку од мнозинството, кое го предводи премиерот.

- Овие предлози, со кои се крши европското право и основното право на работа, еднаквост и достоинство, покажуваат дека намерата на некои од партнерите и институциите не била одржлива спогодба за сите страни, туку можеби понижување на еден цел народ, изјави Ципрас за време на вчерашното обраќање до нацијата.

Ципрас ова го кажа само неколку часа по враќањето од Брисел, каде европските кредитори и Меѓународниот монетарен фонд на Грција и понудија спогодба, која грчката Влада ја отфрли како несоодветна. Грција вчера ги отфрла предлозите на кредиторите за продолжување на кредитната програма за пет месеци - до крајот на ноември, со доставување кредити од 15,5 милијарди евра

- Должни сме да одговориме на ултиматумот изразувајќи ја суверената волја на народот, рече Ципрас.

Атина поради одржувањето на референдумот на неколку дена ќе побара продолжување на рокот за враќање на долгот, кој истекува на 30 јуни.

Според аналитичарите доколку Грците на референдумот гласаат против предлогот земјата најверојатно ќе излезе од еврозоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...