Грците ќе кажат „да“ на референдумот во недела?!

Атина, 1 јули 2015 (МИА) - Затворањето на банките и вовдувањето контрола врз капиталот имаа големо влијание врз тоа како Грците ќе гласаат на референдумот во недела, јави дописникот на МИА од Атина.

Анкета, која за списанието „Весник на уредниците“ ја спроведе компанијата „ПроРата“ покажа дека процентот на гласачите кои во недела ќе кажат „не“ опаднал од 57 на 46 отсто, додека процентот на оние кои ќе гласаат „да“ се зголемил од 30 на 37 отсто.

На референдумот во недела планираат да гласаат 86 проценти од грчките граѓани со право на глас, што покажува дека гласачите ја сфаќаат сериозноста и влијанието на референдумот врз случувањата во земјата.

На прашањето за одлуката на грчкиот премиер Алексис Ципрас да свика референдум во недела, еден од двајца гласачи рекле дека донел вистинска одлука, 38 отсто сметаат оти не е во право, седум проценти рекле „ниту е во право, ниту греши“, додека пет отсто биле неодредени.

Анкетата исто така покажа дека гласачите планираат да гласаат врз основа на тоа како гласале на јануарските избори.

Во меѓувреме, еврогрупата ја одложи за неколку часа телеконференцијата на која ќе се дискутира за последниот предлог на Грција.

Портпролот на првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дејселблум на Твитер напиша дека по барање на неколку министри, телеконференцијата ќе се одржи во 17 часот и 30 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...