Зошто ви е референдум, Грци?

Во недела Грците ќе можат да се изјаснат на референдум, но всушност за што? Дали се за или против финаисискиот пакет за помош од меѓународните кредитори, вклучувајќи ги и економските мерки и реформи.

Прашањето кое се поставува е апсурдно. Не може да се гласа за нешто што не постои. Министрите за финаисии во еврозоната де јуре и де факто го отфрлија предлогот, откако Грција ги прекина преговорите. Грција во моментов е оставена самата на себе и се побрзо се лизга кон банкрот.

Ако Грците прифатат пакет од мерки, тоа нема да има ефект, ќе треба да се преговара за сосема нова програма за помош. Но, со кого? Со радикално левата Влада на премиерот Алексис Ципрас тоа нема да се случи, затоа што тој и пред референдумот повика на отфрлање на предлозите на кредиторите. Владата која не стои зад реформите тешко дека некогаш сериозно ќе ги спроведе тие реформи.

Затоа „да“ на референдумот автоматски би значело оставка на Владата и нови избори. Но, постои опасност владејачкиот тим, која во суштина е комунистички, да се држи за власта со сите сили. Изгледа дека благосостојбата на народот по трагичните грешки од минатата седмица, е неважна за тој тим. Тој подмолно ги доведе преговорите до пропаст и сега се крие зад референдумот. Владата можеше да го праша народот уште пред неколку недели, а не сега кога е под притисок на банкрот.

Ако Грците одговорат со „не“ на поставените прашања, тогаш нема да има враќање назад. Односите со кредиторите и Европската монетрана унија ќе бидат трајно прекинати. Тоа и го сака премиерот. А на кого тоа би му било од корист, останува тајна. Сосема е јасно дека без помош од надвор, Грција е осудена на финансиска пропаст.

Австрискиот министер за финансии, Ханс Јорг Шелинг, прв гласно изговори: „Ќе има излез од еврозоната“. Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, е разочарана. ММФ веќе не може да и помогне на Грција.

Европската централна банка (ЕЦБ) се уште ги држи грчките банки „над површината“. Колку долго ќе продолжи така?

За време на последниот телефонски разговор со канцеларката Ангела Меркел, Ципрас рекол дека Грција има уште „многу кислород“ за да преживее. Можеби Грција можеше да собере пари, дури и да го избегне фаталниот датум 30 јуни и да го отплати кредитот на ММФ. Со тоа всушност лошиот тек на ситуацијата немаше да биде запрен.

Приходите од даноците се намалуваат, економијата ослабува. Тоа не може да биде запрено и со најубавиот референдум. Тоа е можно само со разумна финансиска политика заснована на меѓународната помош.

Во дебатите околу референдумот кои се водеа во грчкот Парламент, не беа штедени обвиненија и закани кон кредиторите. И кон Европа во целина. Посебно болно и апсурдно е обвинеиието дека само Грција се уште имала демократија. Сите други недемократски земји се обедииниле против Грција. ЕУ е составена од 28 демократии кои и изразија солидарност и тоа не само во последниве пет години. Грција со години беше најголемиот нето корисник во ЕУ.

Сириза и десната партија Независни Грци ниту ја купиле ниту пак ја измислиле демократијата. На Грците треба да им е јасно дека на референдумот ќе се изјаснат не само за или против една програма за помош, туку и за својот иден политички пат – со или без Европа.

Ако сакаат да продложат и натаму со радикално левиот и на неуспех осуден експеримент, тогаш ќе треба да помислат и на последиците. Никој во Европа не сака да ги понижи Грците (аргумент кој постојано се истакнува), но може да им се помогне само ако тие сакаат да им се помогне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...